Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 13 | година III | февруари-март, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 13февруари-март, 2000
Театар Теорија

Др. Фалус како фигура на знаењето

- пост-колонијално читање на „ММЕ...“ од Дејан Дуковски -


/5
стр. 1
Елизабета Шелева

    Применувајќи го денес актуелниот, и исто толку провокативен, постколонијален прочит, во кратката анализа на еден избран, егземпларен фрагмент од последната драма „ММЕ“ (1997) на моментно најекспонираниот драмски автор од Македонија – Дејан Дуковски (1969), овој текст предочува едно алтернативно промислување на односот помеѓу знаењето, едукацијата и животното искуство.
    Текстот претставува пример на “case studies” (или, „студија на конкретен случај“), кадешто е применет интертекстуалниот метод (или, „читање на еден текст во рамките на друг текст“), како метод на взаемно расветлување и експликација на два или повеќе текстови, од различни дисциплинарни сфери. Применетата интердисциплинарна методологија, односно вкрстеното аналитичко читање на драмата, посегнува не само по соодветната книжевна интерпретација, туку и по најдлабоките и трансгресивни размисли за политиката на знаењето, како и за соодветната идеолошка моќ на знаењето.
    Отаде, тргнувајќи од актуелната субверзија и преиспитување на фалогоцентризмот, т.е. Метафизичката традиција на западната мисла – овој текст ќе вклучи и авторефлексивна расправа, за самите поими на: предавачкиот метод, фигурата на Учителот, најценетиот модел на Знаењето, применетата политика на знаењето – сето тоа, врз основа на постмодернистичкото подривање и превреднување на фундаментите на фалогоцентризмот, односно западноевропската метафизичка традиција. Конечно, и за знаењето како своевидно (неоколонијално) жигосување.
    Според тоа, ќе го прочитаме Вера, третиот дел од драмата „ММЕ…“, како егземпларна приказна, т.е. Наратив, индикативен за претставувањето на, и соочувањето со, некои рецентни поимања на знаењето како заведување, телесно впишување, алиенација, кастрација, доминација.
    Иако насловот на овој дел гласи „Вера“, читањето ни покажува, дека, со оглед на содржината на драмскиот конфликт, тој наслов е ироничен (па, дури и циничен). Дејствието се случува во еден специфичен хронотоп, т.е. Зафрлената германска крчма „Црно прасе“ (ако ги следиме укажувањата на Михаил Бахтин, крчмата, заедно со на пр. Пазарите, саемите, плоштадите и сл. – спаѓа меѓу оние хронотопи, кои ја потпомагаат дијалогичната индивидуализација на човекот).
    Од друга страна, драмата „ММЕ“ е напишана во еден специфичен, пост-модерен идиом, определен од метафизичкиот нихилизам, односно радикалното превреднување на основните, широко прифатени, западни културни вредности и традиции. Исто така, интересно е да се подвлече тоа, дека во оваа драма се застапени повеќе референци кон мета-театарот, односно поголем број авто-референцијални практики и постапки, кои вклучуваат разновидни цитати од семиотичката традиција на драмата и театарот.
    Главните ликови, кои учествуваат во овој фрагмент, се: Др. Фалус (лик со многу индикативно име, кое подоцна се разоткрива како ефективна, парономастичка и интертекстуална референца кон Фауст, главниот лик од истоимената поема на Гете) – и Младиот (анонимен дојденец и студент, обземен од својата „воља за






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+