Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 13 | година III | февруари-март, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 13февруари-март, 2000
Театар Осврти

Опозиционо кабаре во нацистичка Германија

или: Политичко висење над амбисот со јамка околу вратот


/5
стр. 1
Гинтер Берхаус

    Популарноста и успехот на вајмарското кабаре, пред сè, беше базирано врз неговата социјална критика и културно опозиционерство. Најголемиот дел од неговиот репертоар се состоеше од дела и идеи на автори со лева ориентација, кои по Хитлеровото преземање на власта мораа да се определат за егзил спасувајќи ги своите голи животи. По 1933, кабарето во Германија не замре сосем, но, тоа се претвори во една негова забавна, наивно-безопасна верзија, бидејќи единствено на таква ѝ беше дозволено да се развива, од време на време помешана со елементи на шоу од типот „малку гради, малку задници“.
    И покрај системот на репресија што беше воспоставен од нацистите, и во политичката и во културната сфера, „џебовите“ на отпорот продолжија да постојат сè до почетокот на Втората светска војна. Еден од најозлогласените нацистички касапи, Јулиус Штрајхер, издаде предупредување: „Ако уште еднаш се случи некој кабаретист да исмева некој политички лидер, локалот ќе го затвориме – врз него. Ќе го елиминирам секој таков големоуст дрзник. Ако повторно слушнам дека некои ги ескивираат правилата кои Фирерот не сака да бидат игнорирани, ќе ги земам на одговорност и последиците ќе бидат сериозни“.
    Еден таков дрзок кабаретист беше Вернер Финк. Роден во 1902 година, тој од почеток си ја пробал среќата обидувајќи се да стане актер во театар. „Отидов на аудиција за улогата на Хамлет и веднаш добив вработување – како лесен комичар“, се присеќава тој во својата биографија: Alter Narr-was nun (Минхен, 1972; сите цитати се преземени од ова издание). Од 1929 до 1933 година, тој раководеше со Katakombe, типично литерарно кабаре за тој период. Критичарот Фредерик Луфт се сеќава: „Финк правеше политичко кабаре кога сите други правеа – само кабаре. Луѓето одеа таму само за да видат како – овојпат ќе успее да си го спаси вратот – повторно. Беше екстатично доживување, гледајќи го како балансира на висока тенка жица – без безбедносна мрежа одоздола“.
    Финк ја опишува трансформацијата на вајмарското во нацистичко кабаре: „Наместо да слегуваат во визба, нашите гости мораа да се качат на спрат – еден вид необична катакомба сместена над приземјето. Таму правевме литерарно-политичко кабаре. Јас знаев по нешто за литературата, но за политиката речиси ништо. Само знаев дека за да бидеш во кабаре, мора да си лево ориентиран. Така, станав левичар, барем навечер. Моето срце биеше надесно, а умот ми одеше лево, ако не мируваше. Но набргу, политиката стана фокусот на мојот живот. Не требаше долго размислување за да ти стане јасно кој каде стои. А






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+