Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 13 | година III | февруари-март, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 13февруари-март, 2000
Театар Текст

Маме му ебам кој прв почна

(параноја)


/5
стр. 1
Дејан Дуковски

_______________________________________________________________________

Прв круг – Смисла

ИНКАСАТОР
    БЕЖАНИЈА

НИСКО ВОЗВИШЕНИЕ.
    ВРАТА.
    БЕЖАНИЈА.
    ИНКАСАТОР, БЕЗ ЛЕВО ОКО.

ИНКАСАТОРОТ
    Ништо не се случува.
    БЕЖАНИЈА
    Нешто ќе се случи.
    ПАУЗА.
    ИНКАСАТОРОТ
    Морам да одам.
    БЕЖАНИЈА
    Немој.
    ИНКАСАТОРОТ
    Ме чекаат.
    БЕЖАНИЈА
    Те чекав и јас.
    ИНКАСАТОРОТ
    Овде сум. Малку се задржав по пат. Наплаќав. Стигнав. Сега морам натаму. Морам да стигнам на време.
    БЕЖАНИЈА
    Немој.
    ИНКАСАТОРОТ
    Ќе се вратам.
    БЕЖАНИЈА
    Кога? Каде?
    ИНКАСАТОРОТ
    За некое време. Овде некаде.
    ПАУЗА.
    Или малку покасно. На некое друго место.
    БЕЖАНИЈА
    Каде ќе одиш?
    ИНКАСАТОРОТ
    Јас не прашувам за тебе.
    БЕЖАНИЈА
    Прашај. Не можам веќе да чекам.
    ИНКАСАТОРОТ
    Немој.
    БЕЖАНИЈА
    Немој.
    ПАУЗА.
    Ме боли колку те нема.
    ИНКАСАТОРОТ
    Немој такви работи. Немој мене такви. Немој мене. Слушаш. Немој.
    ПАУЗА.
    Немој, бе.
    ПАУЗА.
    А, бе немој.
    БЕЖАНИЈА
    Полека.
    ИНКАСАТОРОТ
    Тоа се твои заби?
    БЕЖАНИЈА
    Да.
    ИНКАСАТОРОТ
    Чувај ги.
    ПАУЗА.
    Нема играње. Малку работи останаа на крај.
    БЕЖАНИЈА
    Остана ти.
    ИНКАСАТОРОТ
    Останаа зајци пред фарови. Гледај. Нема крај. Немаше ни почеток. Ништо не се случи. Пројде некое време. Со голема брзина на стоење. Напред. Или назад. Или кога? Вчера. После. Лани. Сега. Утре. Пред извесно време. После многу години. Векови наназад. Една младост. Една длабока старост. Една кобна есен. Еден обичен ден. Еден обичен живот. Еден од оние моменти. Некаде у пизду материну, на патот за у курац.
    ПАУЗА.
    Едно старо дрво. Клупа во парк. Железничка станица. Шарен чадор. Топло чоколадо. Широка улица. Кошула во штрафти. Сабајлешки бурек. Мерак на душата. Ќеиф на курот. Ситно предавство. Мирис на кујна. Неплатени сметки. Скапи мириси. Редици. Убави места. Малку радост. Слатко смеење. Циркус. Еден мајмун. Една свиња, ја имитира смртта. Експлозија. Делови од некои други делови. Мртви делови. Земји. Европи. Пички мајчини. Мој дел. Твој дел. Си ебав мајката. Види. Ќе експлодирам деновиве. Како прашина ќе затрупам наоколу.
    ПАУЗА.
    Некој прди. Некој цело време прди.
    БЕЖАНИЈА
    Сакаш јагоди?
    ИНКАСАТОРОТ
    Нешто смрди.
    БЕЖАНИЈА
    Ништо не смрди.
    ИНКАСАТОРОТ
    Како бе, не? Од каде јагоди?
    БЕЖАНИЈА
    Има.
    ИНКАСАТОРОТ
    Нема време.
    БЕЖАНИЈА
    Само време има. Моето време стои, ако тебе те нема. Давам цел век, за само еден момент. Не е доцна. Немој никаде да одиш. Немој никаде да стигнеш. Остани со мене. Дај ми рака. Слушни како ми чука срцево. Погледни ме. Кажи нешто смешно. Ајде да се смееме. Како будали. Ако било лошо, ќе биде подобро. Ќе си кажеме нешто. Ајде да имаме тајна. Кажи ми тајна.
    ИНКАСАТОРОТ
    Знам една тајна.
    ПАУЗА.
    Родени сме од жени расчеречени над гроб.
    ПАУЗА.
    Многу жени расчеречија над нивните гробови.
    БЕЖАНИЈА
    Носи ме некаде. Било каде. Сибир, Манџурија, Македонска Каменица…
    ПАУЗА.
    Ако престанам да те сонувам, сè ќе престане да постои.
    ИНКАСАТОРОТ
    Што да престане?
    БЕЖАНИЈА
    Да постои сè.
    ИНКАСАТОРОТ
    Не ме пратиш.
    ПАУЗА.
    Шарени кошули, чоколади, дрва и пички мајчини…
    БЕЖАНИЈА
    Гледај.
    ИНКАСАТОРОТ
    Што?
    БЕЖАНИЈА
    Паѓа ѕвезда. Замисли желба.
    ИНКАСАТОРОТ
    Не измислувај глупости. Нема ни ѕвезди ни желби. Чиста параноја. Гледај. Еден кобен ден, левото око ме вреѓа, го вадам. Сега, многу слабо гледам со десното. Гледај. Имаш две очи. Лошо гледаш. Фата моргана. Ништо не можеш да видиш. Гледаш други работи. Работи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+