Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 14 | година III | април-мај, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 14април-мај, 2000
Проза

Аванос

/10
стр. 1
Петре М. Андреевски

    1.

    На враќање од Кападокија[1] автобусот запре во Аванос[2]. Сите туристи слегоа и се разлазија низ градот. Денот беше ведар и топол и имаше многу сонце и пурпурна светлина. Куќите беа наредени на стрмната падина од ридот и прилегаа на голем осветлен излог. Пред куќите и по кривулестите улички беа изложени шарени керамички садови: стомни, чаши, чинии, бокали, филџани, ибрици, вазни и ќупови за масло, за вино, за жито. Имаше и некои други садови на кои не им се знаеше намената. Сите беа убаво испечени и богато нарисани со плетенки од некоја источна орнаментика. Беше очигледно дека сите жители од Аванос се големи грнчари. Речиси целиот град беше зафатен од садови. Над нивните отвори ѕунеа човечките гласови, ечеа, се одѕиваа, како пчели над саќе.
    Ѓувезија Дубровска и Сија Хаџибанова беа зашеметени. Гледаа насекаде и не знаеја што да одберат понапред за гледање. Очите само им шетаа по садовите и беа заслепени од сонцето што се одбиваше од препечената глина. Сè им се допаѓаше, а сè не можеа да купат.
    Кога запреа пред една грнчарница, грнчарот ги покани да влезат внатре. По тие зборови девојките почнаа да се тресат. Ги зафати некој необјаснив студ што излегуваше низ отворената врата. Всушност, грнчарницата беше една длабока пештера повеќепати проширувана од мајсторите. Студот се извираше од нејзините камени сводови. Но нивното тресење како да не беше само од студот, туку и од некој неодреден страв. Очекуваа дека нешто ќе им се случи, дека нешто ќе ги затекне неподготвени. Грнчарот се изгуби во грнчарницата, а кога повторно се појави, во рацете држеше послужавник со две земјени чаши полни со ладно вино. Чашите имаа златни венчиња што правеа иста целост со виното.
    – Бујрум, рече грнчарот со полна уста благост, но и со задув во дишењето.
    Девојките ги собраа веѓите и не знаеја што да направат. Беа нерешителни. Но грнчарот упорно го држеше пред нив подадениот послужавник. Во воздухот се подигна лесен мирис на лозје, на дабово буре, на затемнет вински подрум. Девојките се погледнаа прашувајќи се така, само со очите. И потоа како да се окуражија: во ист миг посегнаа и ги позедоа чашите. Ги допреа усните со златните венчиња и, замижувајќи, отпија од виното. Убаво се виде како подголтнаа и како им се подмрдна јаболкницата под гушата. Првин нагоре, па надолу. Отпивањето го повторија и веднаш осетија дека виното со блажени трпки им се разлева по дамарите. Тоа им ги рашири очите, им ги зголеми зениците. Потоа уште

_____________________________________

1. Пештерски цркви и живеалишта на првите христијани
2. Град во Анадолија, средна Турција.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+