Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 14 | година III | април-мај, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 14април-мај, 2000
Есеи

Јазикот како слобода во Сартровата философија

/9
стр. 1
Салам Хава

    Апстракт: Јас го застапувам гледиштето дека Сартр јазикот го смета за медим на комуникација, кадарен да го сочува развојот на субјективитетот и слободата. Јазикот го постигнува ова на двоен начин: од една страна, тој претставува дејствување кое, феноменолошки, не го изменува битието, но има моќ да ја измени свеста: од друга страна, јазикот, а особено пишаниот текст, е начин на одложена комуникација, која се одигрува вон сегашнината, т.е. Во друго време и различен простор и така го зачувува субјективитетот како на писателот, така и на читателот. Овој аргумент го изведувам на следниот начин: најнапред, ја прикажувам Сартровата дефиниција на слободата и субјективитетот во рамките на неговата дефиниција на свеста на За-себноста и Во-себноста во Битие и Ништо; понатаму, посочувам извесни примери од Тегобност со цел да ја расветлам врската помеѓу јазикот, свеста, и изразувањето на слободата и субјективитетот; трето, упатувам на Психологија на имагинацијата и Што е книжевноста, со цел дополнително да ја нагласам важноста која Сартр им ја придава на пишувањето и читањето како начини преку кои се воспоставува траен впечаток на лична слобода и субјективитет кој го совладува просторот и времето.

* * *

    Во овој текст ќе се обидам да покажам дека Сартр јазикот го смета за медим на комуникација, кадарен да го сочува развојот на субјективитетот и слободата. Јазикот го постигнува ова на двоен начин: од една страна, тој претставува дејствување кое, феноменолошки, не го изменува битието, но има моќ да ја измени свеста: од друга страна, јазикот, а особено пишаниот текст, е начин на одложена комуникација, која се одигрува вон сегашнината, т.е. Во друго време и различен простор и така го зачувува субјективитетот како на писателот, така и на читателот. Аргументацијата ја изведувам на следниот начин: најнапред, ја прикажувам Сартровата дефиниција на слободата и субјективитетот во рамките на неговата дефиниција на свеста на За-себноста и Во-себноста во Битие и Ништо; понатаму, посочувам извесни примери од Тегобност со цел да ја расветлам врската помеѓу јазикот, свеста, и изразувањето на слободата и субјективитетот; трето, упатувам на Психологија на имагинацијата и Што е книжевноста, цо цел дополнително да ја нагласам важноста која Сартр им ја придава на пишувањето и читањето како патишта кон слободата и субјективитетот.


    1.

    Во Егзистенцијализмот и хуманизмот (1946) Сартр вели дека „доколку не постои Бог, има барем едно суштество кај кое постоењето и претходи на суштината, суштество кое постои пред да може да биде определено со каква и да е замисла за






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+