Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 14 | година III | април-мај, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 14април-мај, 2000
Поезија

Гледам низ очите на мајмунот

Превод од англиски: Зоран Анчевски


/5
стр. 1
Амир Ор

Варварите (втора рунда)
Тажна работа
Пиво
Епитаф
Гледам низ очите на мајмунот

_______________________________________________________________________

Варварите (втора рунда)

Не беше попусто што ги чекавме варварите,
не беше попусто што се собравме на градскиот плоштад.
Не беше попусто што нашите првенци ги облекоа свечените рува
и ги вежбаа свечените говори подготвени за настанот.
Не беше попусто што си ги срушивме храмовите
и кренавме нови во чест на нивните богови.
Како што е редот, ги запаливме нашите книги
што не содржеа ништо за луѓе како нив.
Пророштвото се исполни и варварите стасаа,
ги зедоа градските клучеви од раката на царот.
Но штом стасаа тие се облекоа во градски рува,
обичаи им станаа обичаите на земјата,
а кога почнаа да ни заповедаат на нашиот јазик
повеќе не знаевме
кога тоа варварите стасале меѓу нас.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+