Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 14 | година III | април-мај, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 14април-мај, 2000
Критика

Пејзажи и мртва природа

Фигури на љубовен дискурс во бугарската литература од 50-те до 90-те години на овој век


/9
стр. 1
Јордан Ефтимов

We have lingered in the chambers of the sea
    By seagirls wreathed with seaweed red and brown
    Till human voices wake us, and we drown.
    (T. S. Eliot, The Love Song Of J. Alfred Prufrock)


    Во овој текст, сосем бегло, ќе бидат скицирани примените на љубовната топика; примени – кои во последниве десетлетија на бугарската литература од љубовта направиле општо место на спротиставеност во социјалниот притисок, љубов – која може да се сфати како штит, среде и од, а можеби и како пукнатина кон пишувањето надвор, наспроти, или покрај социјалната обврска.
    Најнапред ќе стане збор за почетокот на 50-те години кој, по воспоставувањето на социјалистичкиот канон и цензура, го донесува првиот литературен скандал (но не во онаа Бахтинова смисла на зборот), сврзан со неколку циклуси интимни песни на Иван Радоев, објавени во тогашниот службен весник на Сојузот на бугарските писатели, познат под своето мирољубиво и нагалено име Литературен фронт. Во нив нема никакви инскрипции, никакави скриени алегории, никакви алузивни длабочини или езоповски јазик (т.е. сатира, скриена во расказот небаре нешто споредно, случајно и мало). Тогаш зошто тие песни предизвикале скандал?
    Скандалот бил предизвикан поради една зачудувачки проста причина – се појавил вљубениот субјект. Субјектот, вљубен не во социјалните утопии, туку, едноставно, во спротивниот пол. Денес тоа може да предизвика недоумица, да звучи неверојатно, но во земјите од бившиот Источен блок историјата на литературата неизоставно ја содржи и таа епизода: се чини, како лириката да се раѓа одново, како со помош на меѓувоените авангарди да стигнува до својот зенит и сега, кога тие го достигнале својот крај, таа ги зграпчува и почнувајќи како на бели петна.
    Интимната лирика на 50-те години што толку ја дразни тогашната власт, е неверојатно едноставна, и во поглед на исказот и во поглед на целите. Таа, практично, ја третира битовата проблематика, а опишуваниот свет во неа е ограничен до едно современие исполнето со првична емоционалност, лишено од историја. Всушност, важно е што таа (интимната лирика) деминутивно се спушта од утопија во конкретниот живот на еден субјект, кому најсвојствена му е токму „општочовечката“ проблематика. Значи, лириката треба да лиризира, а не да епизира, да елегизира, а не да одизира – посакуваат поетите од типот на Иван Радоев, а нивниот опит, како отпор од страна на литературата, го покажува првиот конфликт со тоталитарната власт. (Во своето Патување до Истанбул, Бродски мошне подлабоко ќе ја опише таа спротиставеност преку фигурите на Овидиј и Вергилиј, за да ја демонстрира разликата меѓу двата типа поезија, со оглед на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+