Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 14 | година III | април-мај, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 14април-мај, 2000
Галерија Осврти

Сликарот Лазар Личеноски

По повод ретроспективната изложба на Л. Личеноски во Музеј на современата уметност, Скопје, октомври 1998


/4
стр. 1
Викторија Васева Димеска

    Лазар Личеноски е роден во месец март (28.03.1901) „на гола земја, крај огниште, во пепел, на сламена рогозина. Сум растел на гол камен и на селско буниште што се наоѓаше на десетина метри од нашата куќа.“ Татко му Филип, потекнува од угледно градителско семејство каде што, покрај зографството и резбарството, третиот галички занает – неимарството, се пренесувал од татко на син на цели поколенија кои изградиле голем број цркви од што еден дел и во Романија, како Матеј – Моте Велов Личеноски, кој што „го конструирал, по обем, најголемото црковно кубе“. Кога мајка му Магда „… се слизнала на мраз, смртно се повредила и умрела млада на дваесет и две години…“, Лазара и сестра му Стојана ги одгледала и воспитувала „со молитви и ќотек“, строга и правична стрина Роса.

Градежничката работа го однесе Филипа во Призренско, а Лазар остана во Галичник, да го живее аргачкиот живот и со своите мали, од работа измачени детски раце, да ги служи чобаните и да прави сè што ќе му кажат, за да „… не го јаде лебот бадијала.“ Тој примитивен аргачки живот, ништо потежок од домашниот, барем му ја топлеше душата со „таа елементарна планинска тишина, бескрајни панорами од врвовите на Бистра, преку подножјата на Крчин и Стогово, преку цела Албанија, прекрасни преливи и хармонии на сини и виолетови бои што се губат во мекото сивило на јадранската пучина“, од каде што се роди желбата да ја овековечи на платно оваа бескрајна љубов кон плланинскиот пејзаж.
    

    Трогателно звучат зборовите на Личеноски дека во Скопје, каде што навлезе во еден поинаков начин на живеење во градски амбиент: „… за прв пат осетив што е прав човечки живот, што е хигиена, игра, учење…“ Но и во Тетово, каде што помина еден значаен период од своето детство, за Личеноски значеше и први контакти со организиран културен живот во една „провинциска касаба“ која во тие динамични предвоени времиња не била „… еднолична, монотона и здодевна. Секој пат во овој град постоел некаков специфичен културно-забавен живот. На пример, по Првата светска војна, во Тетово имаше преку сто мандолини и по неколку десетини гитари и виолини.“
    Првите поттици за творење кај Личеноски се родија во средбите со последните мијачки зографи од кои го учеше занаетот, мешањето на боите и нивната волшебна моќ што го тераше со „… саати со крената глава нагоре кон кубето да гледам како Димитрија (Андонов Папрадишки) зограф, слика на скелето…“
    Кога 1918 година почина татко му Филип, Лазар






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+