Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 14 | година III | април-мај, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 14април-мај, 2000
Галерија Осврти

Буена Виста на Рај Кудер

/2
стр. 1
Луси Мелоуз

Buena Vista Social Club

    Да живее Револуцијата! Двата – далеку најдобри – филма оваа година, својот идентитет го влечат од малиот остров на Карибите. Како прво – филмот Life is to Whistle, и сега – Buena Vista Social Club.
    Користејќи стедикам камера и снимајќи „од рака“, режисерот Вим Вендерс (Wim Wenders) и камерманот Јерг Видмер (Jörg Widmer), го следат музичарот Рај Кудер (Ry Cooder) и неговиот син Јоаким низ Куба, следејќи ги во собирањето на најголемиот дел од оние стари кубански музичари и пејачи со намера да се сними музички материјал што се состои од нивните најубави и најинспиративни нумери на компакт диск.
    Филмскиот ангажман на Рај Кудер ги вклучува музичките подлошки за филмовите ПАРИЗ, ТЕКСАС (Paris, Texas) и КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО (The end of  Violence) на Вим Вендерс. Во секој случај, филмот излезе како резултат од ентузијазмот на лондонскиот музички продуцент Ник Голд (Nick Gold), кој го сугерираше снимањето на афрички и кубански музичари, а кога Африканците ја откажаа соработката, се појави идејата за филмот Buena Vista Social Club.
    Овој, пред сè, елегантен филм, го портретира тивкото достоинство на музичарите што го раскажуваат, секој на свој начин, нивните тажни, а често дури и трогателни животни приказни. Преку суптилната режија на венферс, филмот ја документира реактуелизацијата на старите, одамна заборавени големи кубански музичари од страна на Кудер, којшто повторно ги собира во еден нов бенд именуван по одамна згаснатиот култен музички клуб во Хавана.
    Старите џентлмени сè уште се шетаат со големи хавански пури во устите, пијат кубански рум, се облекуваат во стари бели ленени костуми и се движат несигурно. Но, застанати зад микрофонот или зад пијаното, годините како да исчезнуваат од нивните раце и гласови, и чистата радост на живеењето извира од под нивните, од староста и од тешкиот живот намножените брчки по лицето.
    Во филмот има долги, мрзливи сцени што го прикажуваат процесот на снимање во старото и изветвено студио Егрем, основано од американската музичка компанија RCA во 1940 година, студио што спрема својата застареност, многу наликува на старите музичари… Ибрахим Ферер (Ibrahim Ferrer) пее еден прекрасен дует – Dos Gardenias – со Омара Портуондо (Omara Portuondo), единствениот женски член во бендот.
    Компај Сегундо (Compay Segundo), роден во 1910 година, пушач од својата петта година, кога ги палел пурите за својата баба, кажува, со голем ентузијазам, дека може да се каже дека пуши веќе 85 години, и забележува дека има пет деца, и дека работи на шестото.
    Рубен Гонзалес (Rubén Gonzales), достоинствен стар џентлмен со бела брада, снимен е над






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+