Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 14 | година III | април-мај, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 14април-мај, 2000
Звук Осврти

Прекрасен поглед кон музиката што исчезнува

/2
стр. 1
Кевин Шопленд

Buena Vista Social Club

    Барем за Американците, Куба е земја за која малку се знае. Анти-кастровистичка/анти-комунистичка пропаганда? Се разбира, има многу вистина и во тоа. Но, кога зборуваме за американското познавање на кубанската култура, тогаш зборуваме за „темен век“ во нивното знаење. Затоа, музичкиот CD – Buena Vista Social Club, може да се претстави како одличен противотров за ваквото непознавање на кубанската музика, како што истоимениот филм на Вим Вендерс претставува еден вид документарен запис за најголемиот дел од најдобрите и најзначајни музичари од оваа земја.
    Речиси половината од филмот е снимена во прекрасната, застаната-во-времето Хавана, а музиката на компакт-дискот е еквивалент на аурата што ги краси овие подвижни слики. Вибрантна и полна со живот, оваа музика претставува една култура што исчезнува, со типови на песни и стил на изведба што, сосем веројатно, ќе исчезне со самото исчезнување на овие музичари кои, во најголемиот број, веќе се во 80-тите или 90-тите години од нивните животи.
    Меѓу овие истакнати големци на кубанската музика, се пејачот Ибрахим Ферер (Ibrahim Ferrer)) – којшто е еден вид кубански Нет Кинг Кол, и Рубен Гонзалес (Rubén Gonzales) – пијанист којшто не е далеку од оние стари американски олд-тајмери што се возат низ Хавана: стар, но со одличен мотор што работи перфектно, а линиите сè уште ја чуваат својата грандиозност и карактеристична убавина.
    И овие музичари, иако во своите одминати години, сè уште во одлична форма ги изведуваат своите музички ламенти, блузеви и свингови, свират на своите инструменти – гитари, пијана, басеви, тапани, кубански мандолини, труби итн. – со вистинско и неизбледнето мајсторство. Песните се богат микс на најразлични музички позадини и влијанија, какви што се и самите Кубанци по природа. Најголемиот дел од песните се проткаени со една афричка обоеност, или пак со една латино-жичка карактеристична за Карипските острови, како што се салсата, калипсото, но има и некои романтични балади што наликуваат на стариот „Tin Pah Alley“ стил од 30-тите и 40-тите години од овој век, како и моменти каде што стариот Гонзалес свири чисто џез-инспирирани нумери, создадени врз класичниот музички идиом на Дебиси.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+