Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 14 | година III | април-мај, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 14април-мај, 2000
Театар Осврти

За подемот на кловновите и актерите

/2
стр. 1
Горан Тренчовски

„Отпорот кон уметноста е истовремено отпор кон новото, кон непредвидивото“
    Роберт Бресон

    Орфеј свири, а малкумина го слушаат! Дали проблемот е во него или пак во оние кои одбиваат да слушаат? Ако карактерите на Орфеј ги побараме во тлото на балканскиот театар, сигурно дека ќе ни биде тешко да ги идентификуваме сите лица на восприемачите на играта на Орфеј. Но, за каква игра, всушност станува збор?
    Театарот на Орфеј, кој може да биде сличен со оној на Тит Андроник[1], е полигон преплавен со кловнови и актери. Кловновите не го кријат својот став кон нештата и нивната игра е поексплицитна, но актерите се склони кон двојна игра, а честопати и кон персифлажа. Дали, според тоа, преосетливоста на актерското битие ставено на работ од бурниот милениумски пресврт, води кон бекство од вистинската игра и препуштање кон еден нетеатарски облик на егзистенција?! Одговорот лежи во актерската генерација родена кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите, во времето на експанзијата на анти-театарот.
    „Човекот ќе го изненадуваат или ќе го лутат многу остри претскажувања: денес, како и вчера, очигледно е дека многу нешта остануваат надвор од секакво предвидување“, вели Жак Атали за позицијата на човекот во новиот век, во студијата „Двеилјадитите години“[2]. Со ваквата констатација можеме да настапиме и во анализата на актуелната општа театарската ситуација која е производ на хаотичноста на живеењето и системите на живеење диктирани од државните институции. Демократијата и плурализмот наметнаа нов ракурс на читање на театарот. Тој начин, често пати е и вулгарен. Ќе речете, па и во животот некогаш има достаточно вулгарности. Да, ама театарот е достапен секому, па и на најмладите, децата. Што може да се случи кога без (авторска) цензура насловните страници на повеќето (меѓу кои и такви кои претендираат за високосериозни) печатени медиуми и понатаму се преплавуваат со „модерните“ секси-телефонски-автомати?! Ми се чини дека во случајов не се работи за модерност, туку едноставно, за неизживеаност. Во овој поим е содржано и постоењето на мизантропијата, хипокризијата и, најпосле – мимикријата. Можеби заради тоа во последнава деценија има се повеќе „актери“ во животот, а помалку Актери на театарската и помалку Луѓе на животната сцена. Лицето на современиот човек, кое неприродно брзо се менува од миг во миг, добива нова вредност. За него Пол Валери во збирката „Мали вежби“ ќе каже: „Лицето е носител на сите направи што се потребни за прием на емисиите чиј извор не е во контакт на нашето тело“[3].
    Кон крајот на деветнеасеттиот век, историската сцена на која дефилираат

_____________________________________

1. в. сцената помеѓу Тит и Кловнот, сцена 3, чин 4: William Shakespeare, Titus Andronikus, Leipzig, Bernhard Tauchitz, 1868, п.55-56
2. в. сцената помеѓу Тит и Кловнот, сцена 3, чин 4: William Shakespeare, Titus Andronikus, Leipzig, Bernhard Tauchitz, 1868, п.55-56
3. в. сцената помеѓу Тит и Кловнот, сцена 3, чин 4: William Shakespeare, Titus Andronikus, Leipzig, Bernhard Tauchitz, 1868, п.55-56






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+