Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 14 | година III | април-мај, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 14април-мај, 2000
Театар Текст

Вазна од порцелан

/2
стр. 1
Југослав Петровски

_______________________________________________________________________

Кадифено мече
    (Сцена 1)

ЛИЦА:

ПЕТАР
    АНДРЕЈ
    ДЕЗЕРТЕР
    БРАТ (ФИЛИП)
    МАЈКА
    ШЕХЕРЕЗАДА
    НЕМАТА
    ДЕТЕ 1
    ДЕТЕ 2
    СТАРЕЦ

Зима, снег. Училиште разурнато од граната. Хаос од училишен инвентар и прибор. Крај една училишна клупа, на столче, седи Дезертер – облечен во разновидна војничка облека, без одредени обележја; нема оружје, стар е четириесет години. На училишната клупа се наоѓа куп тетратки.
    Дезертерот чита една од тетратките и со пенкало преправа нешто; ова го прави педантно и со љубов.
    По извесно време на сцената упаѓа ПЕТАР – шеесет и пет години, разновидна војничка облека без обележја, има митралез, пиштол и нож. Петар му приоѓа на Дезертерот од зад грб, му става нож на гркланот.

ПЕТАР
    Кој си?!
    ДЕЗЕРТЕР
    Децата сега ќе дојдат, а има уште многу неоценети; ќе треба да поитам, им ветив за денес…
    ПЕТАР
    Чии деца?!
    ДЕЗЕРТЕР
    Деца, од секаде доаѓаат овде, од девет села. Некои пешачат и со денови за да дојдат.
    ПЕТАР
    Блефираш!!! (Му го притиска ножот на гркланот.) На чија страна си?!
    ДЕЗЕРТЕР
    (Пауза.) Избегав, морав… Децата чекаат оцени.
    (Петар по извесна недоумица го трга ножот и го враќа во корица. Дезертерот продолжува да ги прегледува тетратките. Петар седнува до Дезертерот. Пауза.)
    ПЕТАР
    Овде ќе те најдат…
    ДЕЗЕРТЕР
    Слабо учат, тешко е да ги скротиш, по цел ден се сончаат по ливадите; им врие крвта…
    ПЕТАР
    Од каде избега?
    ДЕЗЕРТЕР
    (Пауза) Од секаде.
    ПЕТАР
    Мислиш избега?
    ДЕЗЕРТЕР
    Не мислам.
    (Петар нагло станува, го допира Дезертерот по рамо.)
    ПЕТАР
    Одам.
    ДЕЗЕРТЕР
    Каде? Тука е тоа место.
    ДЕЗЕРТЕР
    Го слушав како пее.
    ПЕТАР
    Пее постојано… (Вади од војничкиот ранец кадифено мече, пронижено со куршум.)… Не го убив јас, го најдов прострелано; а можеби го убив, дента многу се пукаше. Со денови барам место, двапати но пак се слушаше како пее; пее, пее, пее! Не се издржува…
    (Дезертерот почнува да копа дупка во земјата.
    Петар го става мечето во ископаниот гроб. Го затрупуваат. Долга пауза.)
    ПЕТАР
    Мислиш ќе замолчи?
    ДЕЗЕРТЕР
    (Пауза). Треба да ѕвонам за час, време е…
    (Дезертерот полека се крева на нозе.)
    ПЕТАР
    (Се крева.) Даскале, а син ми како е?
    ДЕЗЕРТЕР
    Оној сувион, со пеги на носот?
    ПЕТАР
    Да тој; со куршум низ срце.
    ДЕЗЕРТЕР
    Умно момче.
    ПЕТАР
    Учи ли?
    ДЕЗЕРТЕР
    Убаво пее, може да заврши големи школи.
    ПЕТАР
    Немам пари, работам во кланица.
    ДЕЗЕРТЕР
    Парите не учат наука.
    ПЕТАР
    Го болат ли уште градите?
    ДЕЗЕРТЕР
    Овде е најарно за него.
    (Долга пауза. Петар тргнува кон излезот на сцената.)
    ДЕЗЕРТЕР
    Петар, ако поминуваш откај горните ливади, кажи им на децата да си дојдат, залади, а тие не приметуваат.
    ПЕТАР
    Ми го знаеш името?
    ДЕЗЕРТЕР
    (Пауза) … Сум се препознал.
    ПЕТАР
    Дојди со мене; овде ќе те најдат.
    ДЕЗЕРТЕР
    Сум бил таму, таму нема ништо; тука е тоа место…
    (Дезертерот продолжува да ги прегледува тетратките. Петар излегува. По извесно време на сцената влегува АНДРЕЈ – дваесет години, облечен во разновидна униформа, носи митралез и пиштол. Се однесува како да следи некој. Андреј






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+