Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 15 | година III | јуни-јули, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 15јуни-јули, 2000
Проза

Феникс

/4
стр. 1
Силвија Ворнер

    Лордот Стробери, благородник, беше страстен собирач на птици. Имаше најубав птичарник во Европа, доволно голем да им биде ујгун на орлите, а суреден така што и на колибрите и на снежните стрнарки климата совршено им одговараше. Но долги години во најдобрите катчиња немаше ништо освен натписот: „ФЕНИКС. Постојбина: Арабија“.
    Повеќе стручњаци за птици го уверуваа лордот Стробери дека фениксот е птица од бајките или дека тој вид е одамна исчезнат. Лордот Стробери беше непоколеблив: неговото семејство отсекогаш верувало во феникси. Одвреме-навреме од трговските застапници (сосе потврди за трошоците) добиваше птици, наводно од видот феникс, но на крај излегуваше дека се од сојот златка, макао[1], портокалово обоен јастреб и тн., или препарирани вкрстени видови вешто одбрани од разновидни перја. Најпосле г-дин Стробери лично отиде во Арабија, каде што, за месец-два, најде еден феникс, стекна доверба кај него, го зеде и го донесе дома онака беспрекорен каков што си беше.
    Фениксот беше необично личен, со чудесен табиет: питом спрема другите птици од птичарникот и силно приврзан кон лордот Стробери. Неговата појава во Англија роди големо одушевување меѓу орнитолозите, новинарите, поетите и шапкарите, и тие често навраќаа да го видат. Сепак тој не се дуеше иако беше во центарот на вниманието, па кога вревата околу сево ова стивна и посетеноста опадна, не стана огорчен и гневен. Јадеше колку што треба и се чинеше бескрајно задоволен.
    Одржувањето на птичарник чини доста пари. Кога лордот Стробери умре, тој немаше ни скршена пара. Птичарникот го дадоа на продажба. По обичај, за ретките птици како фениксот, се организираше јавно наддавање со учество на претседатели на големите европски зоолошки друштва, или поединци од САД; ама така се потрефи, лордот Стробери умре баш по Светската војна, време кога тешко се доаѓаше и до пари и до храна за птици (рака на срце, скапата храна за птици беше една од причините за пропаста на лордот Стробери). Во лондонскиот весник Тајмс се велеше дека Зоолошката градина од Лондон треба да го купи фениксот зашто народ со толку обожувачи на птици има морално право на ваква ретка птица; со таа цел, беше отворен Фонд за фениксот на Стробери. Студентите, природонаучниците и учениците даваа свој прилог кон фондот онолку колку што им беше длабок џебот; но ним џебот им беше плиток, а поголема помош од страна немаше. Така, извршителите на тестаментот на лордот Стробери ја прифатија повисоката цена што ја понуди г-динот Тенкрид Полдеро, сопственик на Полдеровиот свет на чудата.
    Извесно време, за г-дин Полдеро фениксот претставуваше

_____________________________________

1. Тип папагали од родот Ara и Anodorhynchus, по потекло од Средна и Јужна Америка (заб. прев.)






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+