Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 15 | година III | јуни-јули, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 15јуни-јули, 2000
Есеи

Богомилско движење и неговите импликации

/11
стр. 1
Меланија Шерденковска

    Крајот на IX и почетокот на X век е означен со крупни промени во општествената структура на Македонските Словенски племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на Бугарскиот цар Симеон (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како и заради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква што веќе постоела во Бугарското царство. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските општини. Во овој процес била вклучена и црквата, која добивала поседи како подарок од владетелите. Така црквата почнала да станува една од најјаките феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на монархијата, во одбрана на вака поставениот општествен поредок.
    Околностите во кои се нашле Македонските Словени, посебно се влошиле во средината на X век, за време на владеењето на царот Петар (927-969), кога нагло биле зголемени даноците за големиот воено-административен апарат, кога ги завршил своите освојувачки походи.[1] Во едни такви критични историски услови, се појавува силно народно движење, за верско и политичко ослободување – Богомилството. Во основа тоа претставува религиозно учење кое за своја база ги има дуалистичките еретички учења.

1. Карактеристики и симболика на Богомилството

    Религиозната основа на која настанало Богомилството е Христијанството, во неговиот изворен облик. Богомилите за себе велеле дека се „крстјани“ и за Христос имале извонредна почит. Тргнувајќи од ставовите од почетоците на Христијанството, тие сметале дека за поединецот да му се обрати на бога, не му се потребни посредници – луѓе од црковната институција, кои веќе биле длабоко огрешени во лакомоста и неморалот, ниту пак е неопходен црковен објект. Тие, во почетокот, своите проповеди и нивните духовни покрстувања, ги изведувале најчесто на отворен простор во близина на селото, односно градот.
    Во почетокот на X век веќе се појавуваат и првите пишани документи кои зборуваат за почетокот на Богомилството. Тоа е една листа анатеми од провинцискиот синодик на православието, донесена помеѓу 912 и 925 година, за време на патријархот Никола. Во речиси исто време се појавува полемиката на Јован Егзарх, со дуалистичките еретици. Овие документи ги поткрепува и житието на Св. Климент, во кое се зборува за „лошата ерес“ во охридската област, по Климентовата смрт.[2]
    

_____________________________________

1. Стојановски А. Д-р, Катарџиев И. Д-р, Зографски Д. Д-р, Апостолски М. Д-р, ИСТО, стр.24
2. Драгојловиќ Д., ПОЧЕЦИ БОГОМИЛСТВА НА БАЛКАНУ, стр.20






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+