Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 15 | година III | јуни-јули, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 15јуни-јули, 2000
Галерија Осврти

Хуманизам, благородност, доблести… филм?

/4
стр. 1
Петар Волнаровски

    Многу помина, повеќе од еден цел век помина од почетоците на филмот до денес. Филмот, за тој свој животен ВЕК (и кусур) се претвори во многу нешто… Можеби, најнепобитен е фактот дека филмот израсна во еден од најсилните и најдоминантните медиуми во меѓучовечката комуникација, и без сомневање, во еден од најприсутните моменти на денешното човечко живеење. И, можеби досега е зборувано дури и премногу за тоа, и можеби имало и отповеќе дискусии околу тоа што е, или што треба да биде филмот; која е, или која треба да биде неговата улога во човечкиот живот и во општеството општо; можеби. Но, она што ни се случува секојдневно, и тоа толку интензивно и континуирано, бездруго – не само што треба исто толку постојано и интензивно да се следи и обмислува, туку тоа мора да се прави… Без прекин, и без намалување на нашата свесност и будност во тој процес.
    Гледано од некаква техничка или формална страна, филмот израсна во еден од медиумите со најголема сугестивна моќ: неговата мултикодна природа (слика, звук и вербалност) од една страна, и високо развиените технолошки можности од друга, му даваат неверојатно силни можности за делување врз рецепиентот, и за приближување на пораката што ја носи до истиот. Дистанцата меѓу медиумот и рецепиентот е веќе одамна прекршена, и станува сè помала и помала. Сугестивните моќи на филмот веќе одамна не се тајна, но нивните размери веќе постигнуваат една точка која – можеби во четириесеттите и педесеттите години од овој век беа чиста научна фантастика. Значи, гледано од таа техничко-формална страна, филмот поседува една таква моќ на пренесување на комуникациската порака, што, на пример, секој уметник, од која било област – ќе е пресреќен ако неговото творештво поседува барем мал дел од неа.
    Но, кога станува збор за значенската, семантичка страна на филмот, односно што е тоа што тој на реципиентот му го носи запакувано во таквата атрактивна амбалажа, сликата не е толку убава и привлечна. Моќта за делување, менување, дури и за целосно редефинирање на човечкото мислење, односно за комплетно формирање на јавното мислење – што ја има филмот, за жал, најповеќе се користи за моделирање на свеста на човештвото во насоки, најблаго речено – дискутабилни. Застрашувачка е моќта на овој медиум и во ре-креирањето на човечките желби и потреби, исто така. Денес, речиси на цел свет му е јасно кој е во најголема мерка заслужен за падот на источните комунистички режими: тоа не е ЦИА, МИ-5, МОСАД или некои






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+