Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 15 | година III | јуни-јули, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 15јуни-јули, 2000
Галерија Осврти

Животопис како духовен патепис

/18
стр. 1
Сибила Петлевски

III. Овчарот и златното доба


    

    Во 1962 го довршил маслото на платно со необичен наслов Умец изгореното подрачје. Како што може да се претпостави, станува збор за топоним. Што се случува кога уметникот се решава во наслов на своето дело да стави име на некоја точка од географската карта што не е познат град и како таков не може веднаш во свеста на луѓето да предизвика пријатни сеќавања на улици низ кои самите шетале, или барем на ликови од романи кои чекореле наместо нив низ славните плоштади? Голем ризик е човек да се реши за еден таков наслов, а сепак веќе самото изговарање на нешто непознато, некој егзотичнен фонетски склоп предизвикува внимание, непосредно нè воведува во тајната, го повикува набљудувачот на некоја ментална работа што се споредува со детско уживање во авантура од која малку трнат нозете. За сликарот Петлевски, Умец претставуваше топоним на меморијата, непосреден повод за евокација на детството минато во дедовата куќа, обнова на сеќавањето на Пелагонија, една голема македонска рамница и суровите планини над селото, во кое во детството барал спас од родниот град, а во младоста смирување и спас од болеста. Приказната за змејот што со еден здив изгорел хектари земја, ги здружувала суверието на селаните и детската мечта, го возбудувала и го плашела детето кое мошне рано почувствувало привлечност кон духовната авантура, но и страв да се мине границата меѓу светот на голата реалност и пејсажот на имагинацијата. Секогаш заборавав да го прашам татко ми што се случило кога го преминал Умец? Мислам, дека од другата страна за прв пат се сретнал со поимот татковина. Се разбира, тоа била идеалната татковина што сакал самиот да ја создаде, или, подобро кажано, да ја пресоздаде, со избор од нејзината античка традиција, мамејќи го претходно, сеедно дали змејот или

Кербер, главно некој страшен граничар што го делел сиромашниот спржен простор на Македонија на дваесеттиот век од духовното кралевство, каде траело вечното Златно доба. Дедо ми и баба ми, не знам по кој пат ме избавија од најтешката физичка и душевна криза, особено и овој пат кога мислев дека мојата положба е безизлезна. Дури по три месеци почувствував потреба да цртам и за десет дена направив десетици крокии и студии на сето што се движеше низ селскиот двор. Наведувајќи го овој исечок – во кој мојот татко го опишува своето закрепнување по болеста заработена во текот на првата година на

Тој верува во мерата на сопствениот талент што е ниту повеќе, ниту помалку од она што е, па затоа спокојно им ги препушта своите слики на фатумот на историската правда. Меѓутоа, овде, во обидот за хронолошка реконструкција на животот на мојот татко, поважно е да се истакне другата страна на истиот проблем. Впрочем, колку силно верувал во судбината на уметноста, толку жестоко го бранел своето право на слободен избор на нештата што инаку се сметаат за цврсти точки, непроменливи дадености на човечкиот живот. Верувал дека има право на избор на онаа историја, наследство и традиција што му се потребни за да ја креира својата татковина како духовен простор. Ако Македонија беше неговата татковина по Александар, Хрватска беше неговата татковина по Јулие Кловиќ и Марко Марулиќ. Спомнувајќи ги тие две европски имиња на хрватското сликарство и книжевност, во една тетратка Петлевски објаснува дека го одбрал Загреб, заради приклучоците кон западната ликовна ренесансна традиција. Неговиот патриотизам ќе наликуваше на космополитизам, ако татко ми не се сомневаше во сите обиди на површно нивелирање на различностите, ако во единството по просечност не претчувствуваше закана од некој нов облик на културна колонизација. Беше горд на земјата од која ги влечеше корените. Вистинската природа на таа гордост може да се објасни само ако се има предвид светот на идеите кои


    

IV. Фрлени среде ѓубриште


    

    Би можела врз основа на своите сеќавања да го реконструирам списокот на вечните теми на кои мојот татко, во своите размислувања често се навраќаше. Разговорите со Петлевски тогаш ќе се преточеа во некој вид речник на проблемски точки што го преокупираа. Тука ќе се најдеа поимите како судба, слободна волја, сликарски авантури, романтичен занес, самотија во општеството, историја и индивидуален талент, но и тематизација на односот каков што се воспоставува на пр. Меѓу уметноста и цивилизацијата, различите медиуми, сликарството и филозофијата, уметноста и сеќавањата, уметничката етика и уметниковиот еготизам, естетиката и политиката. Покрај описот на втонетата генерација во монструозниот духовен и политички терор и прогонство на која и самиот ѝ припаѓал, Петлевски во своите записи додава: Мојата генерација беше сопрена, но сепак не успеаја да ја индоктринираат. Не бевме оптоварени со болшевичката заклетва, размислувавме со своја глава и го чекавме вистинскиот момент. Меѓутоа, тој вистински момент за сликарот Петлевски дошол прерано со оглед на објективната состојба во средината во која живеел и творел.

Времето на креативниот подем на татко ми настапи пред кревањето на железната завеса. Поклопувањето со тековите на тогашната современа уметност се случило без дослух со модата, речиси спонтано, а препознавањето што уследило од другата страна на политичката завеса било само потврда за правилноста на онаа

Во црната тетратка, меѓу неговите записи, инаку со јадровит и одмерен стил, пронаоѓам извадок што се издвојува од целината со чувствителна обоеност: Годината 1950 беше година на конечно исполнување на мојата единствена желба – бев примен на Академија по големи перипетии. Се исполни мојот сон, се исполни сонот на Мајка ми да се школувам за животописец. Потоа, сè друго во врска со Академијата зависеше – единствено и исклучиво – од мене и мојата дарба. Истата 1950 била за Петлевски и година на сублимација на сето најлошо. Тоа пред сè се однесувало на општата атмосфера на страв и политички прогони, но и на непријатност и физичката пропаст на личната позиција на мојот татко во процепот меѓу две култури, два менталитета и два јазика, стегнати со силата на социјализмот во иста челична тупаница во која умирале од давење не само поединци, туку и цели народи. Полна страница на своите сеќавања

VI. Неговата трагична муза

    Мојот татко беше романтичен авантурист. Во нежните момчешки години се пријавил на меѓународниот натпревар за место на чувар во националниот парк во Танзанија. Не знаел ниту еден странски јазик, не бил полнолетен, го мразел оружјето, но затоа знаел како да ги припитоми дивите и да ја стекне довербата на домашните животни. Претпоставувал дека во африканската дивина можностите за муабет на некој од светските јазици ќе бидат минимални






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+