Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 15 | година III | јуни-јули, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 15јуни-јули, 2000
Театар Теорија

Пост-советскиот политичар како кловн

Белешки кон „Демократија“ од Јозеф Бродски


/5
стр. 1
Џоел Шехтер

Балтички јагули
    Портрет на Ленин како пие класична
    Кока-Кола
    Руска мечка (препарирана)
    Тетреб со прелив од кавијар
    Полициски лисици “made in U.S.A.”
    Кубански пури

    Ова се работите што ја одбележуваат сцената на драмата ДЕМОКРАТИЈА од Јозеф Бродски, која започнува со лидерите на една, неименувана, источно-европска земја, поточно – во канцеларијата на Генералниот Секретар на нивната Комунистичка Партија – човекот кои тие го викаат „Генсек“. Уживајќи во луксузот и привилегиите на нивните високи функции, што им овозможуваат увозни дињи, тетреби во кавијар, кубански пури, џез, и (кога е потребно, нели) – американски лисици за раце, тие се сладат во својата гозба кога, не баш најочекувано, им паѓа в скут – уште една: имено, демократијата…
    Телефонскиот повик од Москва го информира Генсек – Васил Модестович, дека неговото мало државиче – „руско сателитче“ е прогласено за демократска држава. Настанува паника. Генсек и неговите министри ги познаваат француските парфеми, им се допаѓаат лисиците направени во Питсбург, како и џезот на Сидни Бекет, но немаат познавања од демократијата. Се разбира, како и би можеле, кога нивната демократија е прогласена одозгора, од страна на друга влада, и без оние оние над кои владеат? Министрите имаат само еден избор: да се повинуваат на наредбата – пред демократијата да им ја донесат руските тенкови.
    Ситуацијата е комична варијација на декларациите за независност и бизарната политика што ги следеше истите во Источна Европа во 1989 и 1990 година, кога Бродски ја напиша оваа сатирична драма. Комичниот портрет на колапсирачката империја се покажа толку точна, дури пророчка, што дури и Русија денес силно кореспондира на измислениот нејзин сателит во драмата на Бродски, а и самата непромисленост на пост-комунистичките влади низ цела Источна Европа ја имитира (или дури и живее) неговата сатира. Навистина несреќна околност е фактот што драмата сè уште не е објавена во форма на книга (беше објавена во серијали во неколку списанија пред неговата смрт – и затоа останува релативно недостапна и непозната за читателите и за театарските режисери). Јас ја ко-режирав драмата заедно со Крис Хамптон на Државниот Универзитет во Сан Франциско во 1995 година, и со овој текст сакам да понудам неколку опсервации за Демократија, за супериорниот хумор и силната поетичност на овој драмски текст, да бидат прифатени и пошироко во иднина.
    Огромната препарирана мечка што виси покрај државните министри во Демократија сугерира дека нивните канцеларии никогаш не се далеку од будното око на Кремљ, што ова животно го симболизира. Но, тоа животно е истовремено и комичен репрезент на Москва – може да е и циркуска






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+