Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 15 | година III | јуни-јули, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 15јуни-јули, 2000
Театар Текст

Луна Прима

- антиеуродрама - (по мотивите на "Хамлет" од Луис Буњуел и на други надреалистички текстови)


/2
стр. 1
Горан Тренчовски

_______________________________________________________________________

*

* Луна прима или млада месечина е битие во фаза на созревање. Премиерата на „Луна прима“ беше во декември 1994 год. во продукција на Академската театарска Лабораторија – Скопје во режија на Горан Тренчовски. Дизајнот беше на Валентин Светозарев, музиката на Панде Шахов, а играа: Рубенс Муратовски, Александар Микиќ, Игор Маџиров, Маја Вељковиќ и кучето Блеки.

Ликови:
    ЖАК… … … … … …страствен сонувач
    ЛЕНИ… … … … … …вљубена до уши
    БИЛ… … … … … … … сопарник на Жак
    ТОТО… … … … … …оној кој посакува
    БРЕТОНОВИЧ… … … … … … … … ….пес над времето и под месечината

Сцена 3: Страв…

(Кај Тото. На радиото – бајати вести: брат си го убил братот. По сексуален чин. Свеќата догорува. Нагла разделба. Тото заминува. Лени останува да лежи
    сама. До неа полупразно шише со алкохол и две чаши.)

Сцена 4: Како на цртан филм (II)

(Надвор од градот. Жак и Бил. Подоцна Тото.)

БИЛ: Еднаш како мали си игравме доктори. Тогаш за првпат го видов нејзиното тело.
    ЖАК: Мислам дека бемката не ѝ е на добро место.
    БИЛ: Естетиката не е предмет на нашата дискусија.
    ЖАК: Таа е предмет на…
    ТОТО: О, Жак, о Бил! О, qui bono?
    ЖАК и БИЛ: О, Тото!
    ТОТО: Никогаш повеќе нема да ја видите Лени.
    ЖАК: Што велиш, несреќо, среде толку одвратен смрдеж?
    БИЛ: И среде толку прекрасна реа?
    ТОТО: Среде толку прекрасна реа, Лени отиде.
    БИЛ: Со воз?
    ТОТО: Ќе се дрзне ли некој да ја стигне, макар и без воз, не ќе се врати нигде.
    БИЛ: О, ју блади елѝн.
    ЖАК: И ти ја сакаш Лени!
    ТОТО: Јас? Ниту сакам, ниту мразам. Лени ќе ми биде жена во млечните утра.
    ЖАК: Колку се 3325 помножено со 2031?
    БИЛ: ‘Ебам мамата.

Сцена 5: … И ужас

(Кај Бил. На телевизија – свежи вести: започнала нова војна на Балканот. Лени чисти. Наоѓа ќесенце со кокаин.)

Сцена 6: Како на цртан филм (III)

(Надвор од градот. Жак, Бил и Тото.)
    БИЛ: Уво ќе ти одгризам.
    ТОТО: Да ти одгризам?
    ЖАК: C'est la vie.
    БИЛ: Кого бе, ти за уво?
    ТОТО: Знам, вие ќе ме претепате, а тоа е вашата единствена сила против мене. Но, ќе се уплашите од сенката на мојата сенка. Смртта е полесна од сонот.
    (Се тепаат. Тото е поразен.)
    БИЛ: А сега, бидејќи духовите си отидоа, да бидеме искрени, Жак, ја сакаш ли Лени?
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+