Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 16 | година III | август-септември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 16август-септември, 2000
Проза

Тепање див зајак

/8
стр. 1
Трајче Крстески

    Денот им почна лошо.
    И за зајакот тоа утро, пред изгрејсонце, штотуку заденето, почна лошо.
    Ним најпрвин им се дупна гумата од автомобилот, а зајакот, откако загарите го скорнаа, една сачма го рани во левата бутина.
    Но, да започнеме со ред.
    Уште неразденето, тројцата: Брадестиот, Мустаклијата и Сопственикот на автомобилот тргнаа по габи. Како што тоа бидува во такви случаи, најпрвин се натегаа која насока да ја фатат, но накрај сложно се договорија за Крушевските планини. Кога веќе излегоа од градот, во автомобилот качија еден селанец кој од работ на патот со несигурна рака им даваше знак да застанат. Го поиспрашаа селанецот и тој им рече дека во близината на неговото село, а тоа беше селото Р., веднаш во ридчето кое не е многу големо, можат да се најдат купишта габи. Тие најпрвин се посомневаа да не да ги мами за да го одвезат в село, но селанецот имаше добродушно лице и смирено говореше пушејќи цигара што сам ја свитка од серт тутун кој веднаш им ги заштипе очите. Можеби затоа, а и заради првобитната нерешителност го послушаа и веќе на првата раскрсница, кога млечнобелата светлина го најавуваше утрото, ја заменија наумената насока. Во средината на селото Р. Се запреа пред колонијалната продавница, селанецот слезе, откако најпрвин посака да им плати за превезувањето, а тие широкоградо се насмевнаа одбивајќи ги понудените пари, во истовреме уште еднаш давајќи им ги потребните упатства каде најточно да ги бараат габите. Им рече:
    – Ете, го гледате ли овој пат?
    Тие му рекоа дека го гледаат. Ѕуреа во разлоканото асфалтно патче. Моторот на запреното возило еднолично брмчеше, а од отворената врата, на која селанецот дополу беше надвор, од полу внатре, влегуваше свеж утрински воздух.
    – Да, точно така – рече селанецот. – Зад селото завршува асфалтот и започнува макадам. По макадамот ќе одите колку два километри и за сето време, крај патот ќе ги гледате бандерите.
    – Ние не тргнавме да гледаме бандери – рече Брадестиот.
    – Е, точно така – рече селанецот. Кога бандерите ќе го напуштат патот и ќе скршнат в лево, низ поле, вие ќе свртите десно покрај една ливада, по малку полошо патче, но за ова чудо (чукна со раката по каросеријата од автомобилот) тоа не е ништо. Од левата страна ќе ви излезе еден плот зад кој има куќарка, тука патчето уште малку се стеснува, но тоа за ова чудо не е ништо. (Пак чукна по каросеријата но сега посилно од првиот пат.) Оттука, уште пет минути и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+