Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 08 | година II | април-мај, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 08април-мај, 1999
Проза

Машина за пишување

/9
стр. 1
Богомил Ѓузел

    БЕА МУ РЕКЛЕ: земи машина, позајми ја за два-три дена, белки некој ќе ти ја даде. Навистина, ако имаш во главата сè готово, земи ја машината и отчукај го тоа направо, ајде, имај храброст; нели ти имаш сè веќе во главата, понатаму лесно ќе биде. Долго тој трчкаше од една до друга канцеларија во потрага за пригодна машина, но ниедна што ќе ја најдеше не му се допаѓаше, или беше премногу тешка и груба или премногу рапава, со некоја поврвнина што чувствуваше дека никогаш не ќе може да ја прими во себе како своја, во секој случај ниедна од овие машини не одговараше, не ѝ доликуваше на онаа замисла што ќе треба да ја отчука. Му беше јасно дека изборот на машина може да биде од пресудно значење во моментот на отчукувањето; секој нејзин дел што претходно, на време, не го усвоил, можеше тогаш да го изненади, да го презафати, да прелета преку неговата свест со силината на еден метеор и потем сета негова приготвена замисла можеше да изгори од јаркоста на тоа изненадување, да исчезне без трага и глас. Тоа не значи дека неговата замисла, идејата за што ќе пишуваше, беше слаба, штом е подложна на нестанок и од едно обично изненадување; не, напротив, таа непрестајно вриеше во него од некое време со несмалена жестина; тој ја чувствуваше во себе како се движи угоре, удолу, прета како дете пред раѓање во мајчината утроба; понекогаш таа земаше толку широк замав во него што прекипуваше и надвор од него, во секој негов поглед, во секој негов збор, во секое негово движење што ќе го направеше со рацете: тогаш тој не престануваше да мрда со нив, нервозно го откопчуваше и закопчуваше палтото, брцаше по џеповите, му идеше тогаш да ги праша, каде, каде бре раце мои?; дури и кога не чинеше ништо со нив, т.е. Не го прекопчуваше палтото и не брцаше по џеповите, ги набљудуваше: прстите пак нешто мрдаа, си дошепнуваа меѓу себе, што ли сè не правеа само да му се додворат на оној општ центар што ги покренуваше однатре; тој беше уверен дека во сите тие прекопчувања и бркнувања по џепови, во сите тие мрдања и дошепнувања, дека во сите нив постојат знаци на неговата замисла и идеја, и кога сите тие дејствувања би можеле на некој начин да се втиснат во околината, да се пренесат на некој нејзин предмет, тој беше уверен дека во тој отпечаток, дека во






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+