Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 16 | година III | август-септември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 16август-септември, 2000
Есеи

Од Интернет до Гутенберг

Предавање одржано на Италијанската академија за напредни студии во Америка, 12 ноември 1996


/16
стр. 1
Умберто Еко

    Според Платон (во Федра), кога Хермес, претпоставениот изумител на пишувањето, му го претставил својот изум на фараонот Тамус, ја величел својата нова техника којашто на човечкиот род ќе му помогне да го запомни она што инаку би се заборавило. Но фараонот не бил толку задоволен. „Мој вешт изумителу“, рекол тој, „помнењето е голем дар, но тој мора да се одржува со постојани вежби. Со твојот изум, луѓето повеќе нема да мораат да го вежбаат помнењето. Работите ќе ги помнат не поради внатрешен напор, туку поради едноставната употреба на надворешно помагало“. Разбирлива е загриженоста на фараонот. Пишувањето, како и секое друго ново технолошко помагало, би ја намалило човековата моќ во областа во којашто помагалото делува – токму онака како што автомобилите ја намалија нашата способност за пешачење. Пишувањето било опасно затоа што ги намалувало способностите на умот, нудејќи им на луѓето престрашена душа, карикатура на умот, камена меморија.
       Секако, текстот на Платон е ироничен. Платон ја пишувал својата расправа за пишувањето – пишувајќи. Но, тој се преправал дека неговиот дискурс му е кажан од Сократ, којшто не пишувал (бидејќи не објавувал, тој исчезнал по патот на својата академска расправа).
       Денес никој не е загрижен поради овие нешта, од две многу едноставни причини. Како прво, знаеме дека книгите не прават некој да мисли место нас; напротив, тие се машини што го поттикнуваат мислењето. Дури после откритието на пишаниот збор станало можно да се напише едно ремек дело базирано на спонтаното сеќавање, како што е на пример „Во потрага по загубеното време“ на Пруст.
       Како второ, ако некогаш одамна луѓето морале да го вежбаат своето сеќавање за да ги запомнат нештата, по откритието на пишувањето морале да вежбаат за да ги запомнат книгите. Книгите го поттикнуваат и го подобруваат помнењето; тие на него не делуваат како наркотик. Како и да е, фараонот го искажал вечниот страв: стравот дека новите технолошки достигнувања би можеле да прекинат или да го уништат она коешто го сметаме за скапоцено, плодно, нешто што за нас претставува длабока духовна вредност. Како фараонот најпрвин да покажал кон испишаната површина а потоа кон идеалната слика на човековата меморија, велејќи: „Ова ќе го убие тоа“. Повеќе од илјада години подоцна, Виктор Иго во своето дело „Богородичната црква во Париз“ ни прикажува како свештеникот Клод Фроло, покажувајќи најпрвин кон книгата а потоа кон кулите и кон сликите на неговата љубена катедрала вели “ceci tuera cela”, ова ќе го убие тоа. (Книгата ќе ја






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+