Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 16 | година III | август-септември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 16август-септември, 2000
Критика

Потеклото (генезата) на моралот

/9
стр. 1
Јасмина Мојсиева Гушева

На човечката природа својствена ѝ е потребата за вистината
    која никогаш нема да дозволи да останеме во лажен или нестварен свет.

    Л.Н. Толстој

    Моралот како етичка вредност е поврзан со категориите на алтруистично и егоистично однесување. Внатрешната етика на секоја индивидуа зависи од нејзиниот филозофски поглед на светот и животот. Па од тука и функцијата на моралните идеи од различни проучувачи во одделни временски и општествени услови поинаку е толкувана. Ќе започнеме со излагањето на две познати дијаметрално спротивни теории за настанувањето на алтруистичкото однесување.
    Постојат теории дека алтруизмот не е висок идеал, туку инструмент орудие создадено од експлоататорите за да ги заштитат своите интереси. За да може еден вистински експлоататор (готован) да опстане во светот тој го принудувал производителот (креативецот) да работи за него. На почетокот тоа го правеле со насилни методи, но откога луѓето посветени на мислењето и креативноста научиле како да се бранат и станале исто толку силни како и насилниците тогаш се јавила потребата од алтруистичката филозофија. Експлоататорите свесни за неефективноста на својот ум морале да го развијат алтруизмот со кој си гарантирале себе си сигурност дека некој може секогаш ќе ја заврши работата за некој што не може. Со злоупотребата на моралноста тие си ја гарантираат егзистенцијата барем за определено време. Со алтруизмот тие ги убедиле креативците доброволно да ги жртвуваат производите на својата рационална работа во корист на пасивните егоисти. Алтруизмот во оваа смисла навистина е прекрасен бидејќи оние кои го прифаќаат не се поразени од него, туку тој ги убедува да се поразат самите себе си. Алтруизмот се раширува брзо бидејќи бил прифатен од интелектуалците.
    Но постојат и други теории дека алтруизмот е создаден токму од интелектуалците (Кант) во времето на хуманизмиот и ренесансата кога за прв пат во историјата разумот и науката почнале да стануваат толку продуктивни така што идејата за алтруизам само им помогнала на интелектуалците да ја задржат својата продукција и да ја заштитат од уништување. Преку алтруизмот тие сакале да го рашират своето производство низ светот, и да го заштитат од егоистичните потфати на уништување.
    Основната дилема која се јавува во расправата за потеклото на моралот е дали е тој стрикно врзан со човековата личност или пак е наметнат однадвор како социолошки модел на однесување. Пред нас се отвара прашањето дали луѓето a priori се предодредени за добро, односно дали моралот му е иманентен на човекот кој во себе ја носи надежта за спас или пак треба да застанеме на страната на оние кои мислат






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+