Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 16 | година III | август-септември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 16август-септември, 2000
Галерија Осврти

Стефан Маневски

(1934-1997)


/17
стр. 1
Соња Абаџиева

Уводни белешки

    Во комплексот на ретроспективните претставувања на македонските скулптори, како дел од стратешките определувања на Музејот на современата уметност – Скопје, е и монографската изложба на уметникот Стефан Маневски.
       За разлика од неговите претходници од најстарата и постарата генерација скулптори, овој автор, во текот на средишниот и најплодниот творечки период (кога практично го изкажува својот авторски став), елаборира еден инверзен поглед на скулптурата – исходиштето не е од плошноста на сликата кон скулптурата, туку обратно, од волуменот кон двете димензии и бојата. Ваквата инверзија како да утврдува една рекапитулација на врзување на неолитските вертикали, вотивните и хититските фигури, македонската фолклористика (од минатото), со стапчестите скулптури на Пабло Пикасо и Алберто Ѓакомети, релјефите на Жан Арп и Золтан Кемени, кутиите на Луиз Невелсон (од дваесеттиот век). Интеграцијата на цивилизациските периоди,  нужно реферира на спој на различни уметнички ракописи и семантички структури. Продолженото ширење на оваа линија на врзување времиња, дискурси и значења се огледува и во вољата за синтеза на ликовните дисциплини (скулптура, рељеф, сликарство, предмет, графика, цртеж), за можното ликовно опстојување на мешавината. Ваквата желба за обединување експлицитно се чита во творечкиот корпус на Маневски, без разлика дали е погледнат одделно во неговите скулптури, рељефи, цртежи и графики или интегрално како ликовно кредо.
    

   Во крајна инстанца, страста за собирањето на уметнички факти од глобалната историја на уметноста и нивно повторно „лепење“ низ асамблаж-колаж постапката, е творечки одблесок на травматичната расположба на нашето време, на општите егзистенцијалистички кризи, особено артикулирани по војната и протегнати низ просторот сè до денес. Заложбата за постигнување на синтеза на остатоците (од некогаш и од сега) во ново цело, не е референца на Вагнеровите сонувања за тотално уметничко дело, туку едноставно посакување на холистичкиот модел, онемозвожуван, in continuum, од неизбежните каприци на разградувачкиот дух на времето.
       Во градбата на ретроспективната изложба на Маневски е применет монографскиот модел на селективно обмислување на материјалот, водејќи сметка да се нагласи најаргументираниот слој на синтетички проседеа, одговорни за авторската сушност на овој опус. Согласно, и матрицата на мојот текст се зацврстува, пред сè, врз уметничките резултати на авторот во периодот од 1964-1984.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+