Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 16 | година III | август-септември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 16август-септември, 2000
Звук Осврти

За кого бијат тапаните?

/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

    На самиот почеток чиста фактографија. Време на случување: 15 мај – 5 јуни 2000. Место: Скопје (читај: најживописните и акустично најподатливите отворени сцени во градов – Куршумли ан и Матка). Учесници: Џиван Гаспаријан (Ерменија), ЈОНА (Франција), ЗУКО 103 (Холандија) Рос Дали (Ирска – Грција) и домашните ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ ОРКЕСТАР, БЛА БЛА БЛА, ФОЛТИН и ПРЕЧИСТА. Изложби: Роберт Калајџи – артефакти, Драгољуб Николовски – фотографија, Борис Петровски – техно платна, Ричард Милошевски – графика. Одложувања: Окај Темиз (Турција). Просечен број на посетители: околу 500. Број на продадени влезни билети:?! Медиумска промоција: сосема солидна. Организатор на Фестивалот: Здружение на граѓани НОВА ЕРА. Иднина: СОСЕМА ИЗВЕСНА!
    

    И, толку со редењето факти што горе – долу можат да ја доловат посакуваната слика за New Age and World Music festival, покрај веќе етаблираниот SKOPJE JAZZ FESTIVAL и SYNTHESIS – Фестивал на нова музика, уште едно од оние случувања кое упатува на констатацијата дека сепак не сме и не треба да бидеме последното (само)заборавено село од планетава Земја. Дефинитивно материјалната сиромаштија нималку не треба да подразбира и сиромаштија на духот! Затоа, во прилог на пожелуваното идно и останатите напред во иднината успешни изданија на Манифестацијата, следниве белешки.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+