Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 16 | година III | август-септември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 16август-септември, 2000
Звук Осврти

Скопски блуз земјотрес

/3
стр. 1
Васја Ивановски

   Некои скопјани успеаја, за разлика од други, во овие пеколно жешки денови, барем за кусо време, да се разладат со извонредна музика и студено пиво во рамките на традиционалниот „Блуз и соул фестивал што се одржа во Куршумли ан. Ова четврто по ред издание на фестивалот го потврди фактот дека квалитетот на музиката се зголемува со секоја измината година, што всушност го потврдија и присутните гледачи, љубители на блузот и соулот. Навистина, оваа година можевме да се увериме во квалитетната транспарентност на блуз и соул идиомот кои го најдоа патот кон вистинските љубители на ваков вид музика. Се чини дека посетителите интерактивно делуваа во однос на изведувачите – сите заедно создадоа атмосфера што ќе се памети, барем до следното издание на фестивалот. Во таа смисла, сите пофалби до Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, која се погрижи, во рамките на Скопско лето, да бидеме сведоци на првокласен музички настан. Имињата што ѝ се претставија на скопската публика, секое на свој начин, ги разбрануваа скопските жешки ноќи, едноставно нè принудија да ѝ се потчиниме на музиката што извираше од нивната креативнсот и моменталната инспирација. Но, да одиме по ред.

    Првата вечер имавме можност да проследиме возбудлив и експлозивен спој на младоста со класиката на блузот, олицетворен во настапот на Ник Дунусис и неговите „Бекбоун“ и легендата на Чикаго блузот, извонредниот Фил Гај. Присутната публика имаше ретка можност да се соочи со звезда во раѓање –

Ник Дунусис – пред кого што е блескава кариера.Таков квалитет во исполнувањето на блуз идиомот во Скопје сè уште не сме имале можност да почувствуваме. Едноставно, Ник во својот настап одржа предавање како се свири блуз со вдаховена душа и супериорна техника која за повеќето гитаристи со репутација во светот е само мислена именка. Во спојот на тексашкиот блуз во кој се чувствуваше здивот на великаните како Фреди Кинг и Стиви Реј Вон, сплотен со елементарните рок параметри што ги поставија имињата како Џими Хендрикс и други, Ник Дунусис нè увери дека Скопје е само попатна станица кон врвот кој несомнено го очекува. По таков настап, како шлаг на торта можевме да го проследиме блузот на Фил Гај (помлад брат на Бади Гај), чиј архаичен звук на Чикаго блузот од педесетите години, едноставно нè потсети на имињата со кои тој всушност и настапуваше: Мади Вотерс, Хаулин Волф и Џон Ли Хукер. Љубителите на блузот можеа директно да го






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+