Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 08 | година II | април-мај, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 08април-мај, 1999
Проза

Балкан за деца

/4
стр. 1
Блаже Миневски

    Доаѓањето на кино „Балкан“ во Бобово сите го доживуваа како голема свеченост. Уште во мугрите се капеа децата, се затвораа магарињата за да не рикаат за време на расплетот а со изворска вода се освежуваа дворот и улиците околу културниот дом „Ано Балабанов“. Речиси цел час пред почетокот на проекцијата народот тивко се собираше во дворот пред зградата, носејќи со себе најразлични столчиња, клупи и перници. Салат каде што се прикажуваа филмовите, беше празна па затоа секој сам мораше да си донесе нешто на што ќе седи за време на проекцијата. Штом ќе влезеа, оние што имаа пониски столови седнуваа напред а другите, според висината, се редеа од бината до вратата, па често дури и зад вратата, во тремот. Оттаму гледаа само парче од платното, но и тоа беше доволно за да се сфати пораката.
    Филмовите што доаѓаа во Бобово најчесто беа многу стари, исечени, издупчени и нагорени а текстот речиси за цело време на проекцијата шеташе по платното и ѕидот, па гледачите мораа постојано да ги бараат зборовите дури и на таванот. Пред полноќ молчејќи сите се враќаа дома а столовите уште долго во ноќта удираа во оградите, темните порти и сокаците. Народот се враќаше во реалноста, иако, и во мракот, многумина, легнати на грб, ги вртеа главите барајќи го текстот што бегаше по ѕидиштата.
    Тоа беа таканаречените обични проекции. Меѓутоа, имаше и специјални проекции. Кино „Балкан“, еднаш месечно, доѓаше ненајавено – исклучиво по заслуга и желба на Ноно Бесонов, стариот кино-оператор и пијаница. Доаѓаше уште в зори и штом ќе дојдеше Ноно веднаш ќе го потпреше со камења службениот џип и веднаш на него ќе закачеше картон на кој пишуваше: „Балкан – за деца“. Тоа, со други зборови кажано значеше дека филмот можат да го гледаат деца и само деца. Подоцна дознав дека тој тоа го правеше само за да може слободно да пие и да ги фрла шишињата по салата. Можеше и да спие, ако сака. Можеше да ги измеша лентите, ако сака. Децата се забавуваа дури и тогаш кога наместо филм на платното ги гледаа само своите рачиња и ушите.
    Специјалните проекции почнуваа попладне и завршуваа негде пред мракот. Имаше филмови што ни ги прикажуваше по неколкупати, но имаше и филмови кои ни изгледаа како нови само затоа што Ноно Бесонов ги пушташе од крајот кон почетокот, или свртени наопаку. Впрочем тој никогаш не гледаше што се врти во машината. Два часа, со искривени шии гледавме како луѓето одат






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+