Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Поезија

Избор поезија од поети-учесници на „Виленица 2000“

Превод од англиски: Зоран Анчевски


/3
стр. 1
Катерина Пирпоинт

Куќа во градината
Дупки во животот
Доктор за коњи

_______________________________________________________________________

Куќа во градината

Дури си заедно со пријателот, излегуваш од кујната на мајка му
За да прошеташ низ градината во потрага по магдонос.
Ветерот шиба по чаршафите што се сушат на жицата
Откривајќи ненадејна, триаглеста глетка на езерце и рози.

Ене ја и куќарката, со чергиче од плетена трска на црвениот праг;
Ладна соба, со камени ѕидови, под обложен со плочи,
Преполна со кофи, клопчиња, градинарски алат,
Кошница за веш, тивка, но будалесто накривена со штипки во скутот,
И огромен фрижидер со скршена рачка
Што вредно зуи во тешкиот полумрак.
Едно – трес – со рачката
И внатрешноста наеднаш открива остатоци од смрдени оброци –
Денешниот, вчерашниот, малку повнатре завчерашниот,
А потоа цел куп садови, лошо наредени, натрпани купишта,
Шуплив јазол од варен пилешки џигер
И чинии со остатоци од коски. Природни реликвии.
Студен мирис на зелка, пеперминт, крв и крем се крева од полиците.
Брзо се враќаш назад со зелена китка за вечерашниот оброк.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+