Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Поезија

Избор поезија од поети-учесници на „Виленица 2000“

Превод од англиски: Зоран Анчевски


/4
стр. 1
Иштван Вереш

Ајде да броиме
Обновена историја
Торзо в зори
Глушец, пес, кокошка

_______________________________________________________________________

Ајде да броиме

Две жени ме напуштија во два дена. На едната
попусто и дадов колаче со сусам големо
колку една чинија. Ми дозволи
сè, но не сакаше ништо.

На трамвајската постојка само се ракувавме.
Втората ми беше стара љубов.
Во нејзиниот стан најдов утеха
и по неколку дена излегов со трета.

Се соочувам со бројките,
трета и четврта. Меѓу нив,
останувам сам. За да дознаам

што се случува, кога слезе
за ме сретне, со себе носеше кеса
со ѓубре. Од тогаш мина цела година.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+