Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Проза

Многу куси раскази

/5
стр. 1
Влада Урошевиќ

_______________________________________________________________________

Погрешен чекор

    Паркот што почнува на крајот од градот полека, колку што повеќе навлегувам во него, ги губи ознаките на подреденост и добива белези на вистинска шума, Паѓа лесна летна квечерина и јас веќе помислувам на враќање: таквите места во тоа време на денот можат да бидат непријатни за осамениот шетач. И навистина, на една чистинка меѓу дрвјата, осветлена со некој задоцнет одблесок на небото, врева и движења. Не, ништо опасно: тоа група весели момчиња и девојки ја играат играта со барање. На еден од нив му се врзани очите и тој ги бара другите што весело потскокнуваат околу него. Премногу лесно ме примаат во играта и, чинам, премногу бргу паѓа на мене редот да барам. Се вртам со врзани очи наоколу, но не успевам да дофатам никого. Дури имам впечаток дека вревата и шумот на играчите се оддалечуваат од мене. И тлото како да се менува: тоа не е повеќе меката земја со паднатите лисја, туку цврста подлога со некаква позната мазност и чкрипење. Дали е возможно дека така барајќи сум се оддалечил од играта? Дали сум направил можеби некаков погрешен чекор? Конечно, фаќам една подадена рака: прсти, дланка, ракав од облеката. Но сето тоа е некако премногу студено и цврсто. Ја симнувам преврската од очите: окружен сум со неподвижни бели фигури. Тоа врз што стојам е мазниот паркет, фигурите се мермерни статуи а сето тоа наоколу е сала на некој музеј. Единствено што покривот го нема. Од дупката што зјае горе се гледа сè уште слабо осветленото небо, а од него, еве, почнува да врне снег.

Несмасни забави

    Човек понекогаш навистина има потреба од лесни и едноставни забави.
    Поради тоа една вечер се наоѓате во еден по малку необичен луна-парк. Оградата е од боцкав тел, а на влезовите стојат намуртени стражари кои го надгледуваат влегувањето на посетителите.
    Внатре пак речиси сè е онака како што е вообичаено на таквите места: вртелешки, автомати на среќа, разни видови лотарии, стрелишта.
    Вие приоѓате кон стрелиштето: ве примамуваат малите шарени цели. Тоа се всушност чудно облечени мали луѓе од ламарина кои се движат со помошта на мали тркалца по шини. Треба да се нишанат в стомак; кога ќе бидат погодени тие се превиткуваат и многу смешно паѓаат.
    Еве, токму во овој миг еден од нив ви наидува на нишан. Вие истрелувате.
    Во истиот тој миг, на едно боиште оддалечено илјадници километри, еден војник исто така облечен се свиткува погоден в стомак.
    Панаѓурската музика која одекнува






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+