Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Проза

Многу куси раскази

Кревети


/5
стр. 1
Роберто Карвели

_______________________________________________________________________

Местење и разместување

И креветите си имаат свои движења, еден вид гимнастика. Нивното еден, два, три, нивната појдовна состојба е посебна за секоја куќа. Кревети постојано во неред, чаршафи истуткани од топлина, од љубов. Суредени, со карнери. Кревети и покривки, плишани играчки и животинки, една мала зоолошка градина што извесни твои пријателки ја изложуваат како да сакаат со тоа да ги заштитат минатите денови.

Креветот број еден

Ова е првиот кревет. Доаѓа по бебешката колевка и трае пет години. Потоа, станува краток и молиш некој да го однесе, а штета е бидејќи е убав. Направен е од месинг, со високи огради кои го затвораат од сите четири страни. По желба можеш да му направиш кров од чаршафи и ќе се претвори во колиба во која без да знаеш си играш според основниот принцип на секое засолниште: скриен од надворешниот свет, обезбеден од студот, заштитен. Под чаршафите, меѓу шипките од потемнетиот месинг, на места веќе посивен, царува полумрак. Со бледата, жолта светлина која се пробива низ белината на платното, можеш да си правиш игри со сенки. Понекогаш ќе си ја удриш сè уште малечката нога од шипките и болката накусо ќе те поремети во задоволството. Тоа е креветот на првите сипаници, креветот на пет дена во кревет и спас од училиштето, во време кога училницата сè уште не е ни навика, ниту задоволство. Тоа е креветот на оброци сервирани на послужавник, на кашата од гриз, на месо варено со оцет, на топломерот чијашто висина ја спушташ силно тресејќи го надолу. На мирисот на колениците прошарани со печати од морбилите. Чаршафите се ленени, со двојни пораби на аглите, кои ги грицкаш влечејќи си конци, и ги џвакаш, шмукајќи го мирисот на чисто. Тоа е креветот кога си ти малечок, а другите се поинакви. Креветот кога ги броиш годините сè додека не добиеш и ти голем кревет. Креветот од месинг. Со високи огради.

Првиот кревет

Тоа е креветот што следува потоа. Креветот што го добиваш сега, кога си веќе голем. Тоа е големиот кревет, во кој можеш да пливаш. Тоа е креветот во морнарски стил, темно кафен, со спојки од месинг, а под него фиоки, од кои мајка ти ти остава само една: другите служат за чување на постелнината. Расправии, па помирување со судбината. Во она што ти останува го уредуваш својот свет. Тука ставаш некои работи што ти се многу драги: игри, книги, Хозе ведриот оптимист, стрипови, боици. Еднаш тука го сокри и колачето што го украде од дома, за да го поделиш утредента со твојот другар од училишната клупа, Анџело Анселми.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+