Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Есеи

Размисли

/5
стр. 1
Френсис Бекон

_______________________________________________________________________

За сомнежот

    Сомнежите, меѓу мислите, се како лилјаците меѓу птиците: секогаш летаат во самрак. Несомнено, потребно е тие да се потиснуваат, или барем добро да се внимава на нив, бидејќи го помрачуваат умот, ги поматуваат пријателствата, се плеткаат во работата, и го оневозможуваат нејзиниот воедначен тек. Тие ги наведуваат кралевите на тиранија, сопрузите на љубомора, умните луѓе на неодлучност и меланхолија. Тие се недостатоци, но не во срцето, туку во умот, бидејќи се јавуваат и кај најодважните природи, како на пример Хенри Седми од Англија. Немаше посомничав ниту поодважен човек од него. А кај таквите карактери, сомневањата не причинуваат голема штета. Имено, обично не се прифаќаат како такви без да се испита нивната веројатност. Но во страшливите природи тиа се вкоренуваат необично брзо. Ништо не го прави човека посомничав од тоа да знае малку; и според тоа, луѓето треба да му најдат лек на сомнежот со тоа што ќе настојуваат да дознаат повеќе, а не со тоа што ќе ги негуваат своите сомнежи во духовен глиб. Што би добиле со тоа? Мислат ли дека оние со кои работат и се среќаваат се светци? Не мислат ли дека тие си имаат сопствени цели, и дека се поискрени кон самите себеси одошто кон нив? Оттаму, не постои подобар начин да се скротат сомнежите одошто да се сметаат за вистинити, а сепак да се задуздуваат како да се лажни. Имено, со тоа човек може да ги ползува своите сомнежи со цел да се осигура дека дури и тоа во што се сомнева да е вистинито, сепак нема да му наштети. Сомнежите коишто умот самиот ги насобира се само џагорења; но оние кои вештачки се потхрануваат, и се внесуваат во главите на луѓето преку прикаските и шепкањата на другите, имаат осила. Несомнено, најдобриот начин да се расчисти патот во таквата шума од сомнежи е тиа искрено да му соопштат на осомничениот. Имено, со тоа човек ќе биде сигурен дека знае повеќе за нивната вистинитост одошто знаел порано, а осомничениот ќе биде попретпазлив, во иднина повеќе да не дава повод за сомневања. Но вака не треба да се постапува кај луѓето со недостојна природа; тие имено, доколку еднаш се најдат во улога на осомничен, веќе никогаш нема да бидат искрени.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+