Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Критика

Резонанца за една дијалошка идила

(кон книгата „Андрогин: утопија на совршениот пол“ од Маја Бојаџиевска, Сигмапрес, Скопје, 1999)


/4
стр. 1
Славица Србиновска

    Имагинарната фаза на развојот на детето започнува со одразување на ликот во огледалото и себе-препознавање во него. Тоа е фаза на обликување и утврдување на своето јас според сопствената слика. Во означувањето на оваа состојба, психоанализата го користи терминот мои – што значи јас. Оваа примарна фаза покажува дека се работи за настан на проектирање бидејќи јас е веќе во сликата, значи некој различен, поинаков, Друг. Оваа рана фаза го покажува чинот на разединување, но и патот кон зрелата фаза во која настапува дејството на една поинаква, артикулирана моќ на законот која дејствува на сосема понаков начин, имено таа ги предвидува начините на надворешното манифестирање на потребите и желбите.
    Според психоанализата, во неа е остварена симболичка кастрација на врската со родителот и тоа со воведување на забрана именувана како инцест. Покрај оваа примарна и исконска артикулација на желбите следат низа други. Така станува јасно дека патот до оној Другиот станува пат со пречки, но и пат во кој посредувањето и заобиколувањето останува да важи како единствен начин на реализација на многу различни желби. Законските параграфи на конституирање на социјалниот живот во една заедница го подразбираат артикулирањето на желбите, а со тоа и нивното трансформирање, па и потиснување, бидејќи во него станува нужно инфилтрирањето на поделбите, пресеците и разликите зад кои фазата на имагинарното јас останува дамнешна и засекогаш изгубена. Таа ќе опстојува обележана со еден постојан копнеж, со љубов и потреба за враќање кон раната фаза како пат на враќање кон себе самиот. Вон тој пасивен статус на копнеењето постои можеби уште една можност иако таа останува во доменот на посредуваните, заобиколени задоволувања. Денешниот концепт на димензионирање на човековиот живот ѝ дава за право, пред сè на јазичната акција која е најделотворна во подрачјето на уметничкиот текст бидејќи под закрила на својата фиктивна природа, текстот го симулира чинот на враќање кон себе си[1].
    Со повикување на овие референци од Лакановите психоаналитички согледувања за поделеноста на субјектот го започнувам мојот осврт врз студијата Андрогинот-утопија на совршениот пол на Маја Бојаџиевска зашто сметам дека тие кореспондираат со јадрото на идеи кои ги носи оваа студија, иако авторката на нив експлицитно не се повикува, ниту ги цитира. Андрогинот-утопија на совршениот пол е студија која на исклучителен начин посега по еден од крајно контроверзните обрасци во кодексот кој важи во сферите на денешното живеење, за да низ него проговори за суштинската проблематиката на расцепот, разликите и потребата од единство одредувачко за целокупната историја на човековото постоење.
    Самиот

_____________________________________

1. Žak Lakan, Spisi, Beograd, 1983, 5-13.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+