Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Критика

Метафора на припадност

(За книгата на Кристина Николовска: „Метафора на припадност“, Зојдер, Скопје, 1999, 514)


/2
стр. 1
Весна Мојсова-Чепишевска

Првенецот на Кристина Николовска е насочен кон два ентитета: метафората на припадност и современата македонска поезија, поточно кон проблемот на природата, присуството и функцијата на оваа фигура во дадениот корпус поезија.
    Инаку книгата Метафора на припадност, во издание на „Зојдер“ од Скопје, произлезе како резултат на нејзиниот магистерски труд. Тој е обемен труд од 514 страници, кој условно може да се подели на два дела.
    Првиот дел, кој опфаќа околу 160 страници, ја дава теоријата на метафората на припадност, како и неопходниот клуч за читање на оваа фигура од техничка гледна точка. Таа теорија ја дава во неколку поглавја. Така најпрвин го објаснува самиот поим и неговата структура, со посебен осврт на теоријата на остапката. Потоа во делот Типологија говори за два вида на метафори: живи и мртви т.е. лексикализирани метафори. Наредното поглавје се однесува на идентификацијата, систематизацијата и интерпретацијата на семантичките јадра. Преку прегледот на разновидните метаболи, во четвртото поглавје доаѓа до самата метафора на припадност, која е предмет на нејзиниот интерес. Понатаму таа истражува уште неколку феномени на метафората на припадност како што се: нејзиното место и улога во контекстот, нејзината синхриниска и дијахрониска перспектива, како и нејзиниот статус во современата македонска поезија.
    Вториот дел од првенецот на Кристина Николовска го сочинува пописот на метафората на припадност во современата македонска поезија, кој всушност претставува Речник на метафората на припадност во современата македонска поезија и опфаќа 310 страници. Овој речник се базира на творештвото на дваесет истакнати македонски поети (К. Рацин, С. Јаневски, Б. Конески, А. Шопов, Г. Ивановски, С. Ивановски, М. Матевски, Г. Тодоровски, Ц. Андреевски, А. Поповски, Ј. Котески. Д. Ручигај, П. М. Андреевски, В. Урошевиќ, П. Т. Бошковски, М. Ренџов, Р. Павловски, Б. Ѓузел, Ч. Јакимовски, Е. Клетников), кои творат во периодот од 1939 до 1992 година, значи повеќе од педесет години. Овој факт упатува на две ординарни ориентации при анализата на овој проблем. Од една страна можност за тотална синхрониска перспектива при истражувањето, а од друга дијахрониска перспектива како еволутивен преглед на процесите. Притоа опфатени се околу 160 книги поезија или, приблично 160 000 стихови. Имињата на авторите се дадени по азбучен ред, додека за пописот на делата, авторот Кристина Николовска го користи хронолошкиот критериум. Во своето испитување таа тргнува од резултатите на актуелната неореторика (Ж. Коен, М. Рајфатер, Групата Ми) според кои еден фигуративен говор, а со тоа и самата метафора на припадност се определува како: аномалија, отстапка, прекршок или девијација по однос на дадена норма. Целото






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+