Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Галерија Осврти

Фестивал „Браќа Манаки“, дел I

21. Интернационален Фестивал на Филмската камера „Браќа Манаки“, 27.септември – 01.октомври 2000, Битола


/2
стр. 1
Александар Русјаков

    Помина уште едно издание на Интернационалниот Фестивал на Филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Ако ништо друго, овојпат селекторот можеше да се пофали со солиден(?) број филмови (16 на број) – од коишто, на радост на љубителите на седмата уметност, голем број беа со висок синеастички квалитет, барем што се однесува до интернационалната програма.
    Но, да почнеме со ред… Како прво, да споменеме дека оваа година се прославуваше 120-годишнината од раѓањето на еден од браќата-првенци на кинематографијата на Балканот – Милтон Манаки. А, од друга страна, се одржа IN MEMORIAM-от по повод смртта на еден од најстарите македонски професионални сниматели – Бранко Михајловски. Потоа, како други придружни манифестации и содржини на Фестивалот треба да се спомнат и промоцијата на книга на Јиржи Менцел, гостувањето на Фреди Френсис, добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, ретроспективата на творештвото на Бранко Гапо, една (или две?) прес-конференции, промоцијата на CD-ROM-от „Векот на филмот во Македонија“ и првиот том од книгата „Историја на филмот“ од Георги Василевски како изданија на Кинотеката на Македонија како и неколку филма надвор од официјалната конкуренција, меѓу кои и светската промоција на филмот „Одмазда“ во белгиско-македонска копродукција.
    За првпат на овој Фестивал се воведе Национална конкуренција со награди за камера и режија за кратки македонски играни филмови: за жал, многу лошо селектирани, и воопшто некласифицирани по жанрови.
    Овогодинашното жири беше составено од: Јаромир Шофр (Чешка), Јацек Петрицки (Полска), Џон Кристијан Розенлунд (Норвешка), Ватрослав Мимица (Хрватска) и Иво Трајков (Македонија), кои, како по некој обичај, наградите ги доделија на филмови кои ни оддалеку не заслужија да бидат наградени. Но, што е тука – тука е… Иако во официјалната конкуренција имаше неколку навистина одлични филмови.
    Пред сè, тука би го издвоил делото на Ларс Вон Триер „Танцувач во мракот“ којшто е овогодинашниот добитник на Златната Палма на Канскиот Фестивал, со Роби Милер како директор на фотографија и Бјорк во главната улога, филм кој ја држеше публиката цели два часа без здив, раскажувајќи ни приказна што се кршеше меѓу поетиката на Dogme и поетиката на мјузиклот, како и меѓу добротот и злото, љубовта и ужасот. Воедно, овој филм беше и најдобриот филм на Фестивалот – воопшто.
    Според квалитетот, потоа следуваат шпанскиот филм „Осамени“ на Бенито Замбрано и шведскиот филм „Под сонцето“ на Колин Натли, кои раскажуваа две потресни приказни за љубовта, осаменоста и борбата за среќа.
    Американскиот филм „Џулиен магаренцето“ во режија на Хармони Корин, вреди да се спомне, од една страна затоа што тоа е првиот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+