Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Галерија Осврти

Се случи кино

/2
стр. 1
Илинденка Петрушева

   Со летната сцена „Парк“, постарите скопјани се присетија на своите младешки денови кога со големо љубопитство го „голтаа“ репертоарот на ова летно кино, а оние кои не го знаеја овој романтичен простор, открија нова летна шема.

    Подолго време се исчудував чуму му е на Сашко Насев „Паркови и зеленило“. Добар драмски писател, та дури имаше одлично сценарио и за еден филм (мислам, се разбира, на филмот „Самоуништување“). Иако, уште тогаш (секогаш) знаев дека и тревата, и цветот се КУЛТУРА. Поточно, односот кон цветот и тревата е КУЛТУРА. И еве, во тие потраги кон новиот (вистинскиот) однос меѓу човекот и природата, се најдоа Сашко и Ацо Дукац (од „Градски кина“) на иста бранова должина. Така, нам ни се случи – КИНО!
       Значи, на 6 јули повторно (по дваесетина години) проработеа проекторите во летното кино „Парк“. Со „Ерин Брокович“ (со раскошната Џулија Робертс), во 21 часот. Пред тоа, пеш од Фонтаната, низ раскопаниот прв дел од паркот. Пред Летната сцена, честитки, радост. Панта Мижимаков забележува дека пред киното нема варени пченки. „Какво е тоа летно кино ако нема варени пченки?“. Ацо Дуковски – Дукац ветува дека и тоа ќе биде обезбедено, небаре семките и варените пченки да се дел од работата на скопските „Градски кина“. Мојата пријателка Мими го покажува местото каде што седела вечерта пред да се породи. Орце се потсетува каде беше старата билетарница. Јас, пак, расправам, како се обидував, пред многу години (и децении), да се искачам на едно од блиските дрвја за да ја ѕирнам „Одисеја 2001“. Значи, ниту успеав да купам билет, а уште помалку да се качам на дрво. Но, затоа пак, ги гледав во ТОД-АО систем „Чајковски“ и ,,Лика, големата љубов на Чехов“. Тоа беше многу одамна, некаде во почетокот на седумдесеттите. Но, уште поодамна беше денот кога се отвори Летната сцена во скопскиот парк.
       Значи, се враќаме во далечната 1950 година. Имено, на 28 јуни таа година, по повод „Неделата на националната култура“ била дадена во употреба летната сцена во скопскиот градски парк. Во таа пригода бил прикажан играниот филм „Езеро“ (производство на „Ѕвезда филм“ од Белград, во режија на Радивое – Лола Ѓукиќ). Било планирано во ова кино секојдневно да се прикажуваат филмови, освен во саботите и неделите, кои биле резервирани за други културно-уметнички настапи. Летната сцена имала 1.166 седишта. Се сеќавам, беа тоа долги редици дрвени, зелено бојосани клупи со потпирачи. По свеченото отворање на Летната сцена, на 1 јули почнало редовното






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+