Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Звук Осврти

Ритмистика

...или: аманет како да се љуби и негува, облагородува и воздигнува духот на пребогатиот македонскиот музички јазик


/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

Златко Ориѓански

    Кругот е затворен. Со обелоденувањето на „Ритмистика“ е комплетирана трилогијата на нашата пејачка легенда Вања Лазарова. Велиме трилогијата од проста причина што за релативно краток временски период ( 1998 – 2000 година) се обистинија дури три објави потпишани со името на големата национална изворна певица. Најнапред, Македонската радиотелевизија, во рамките на својата едиција „Македонска фолклорна антологија“, претстави 14 македонски народни песни документирани во последните неколку децении што г-ѓа Лазарова ги отпеала во придружба на Народниот оркестар на МРТВ, триото кавали и солистот на гајда, големиот уметник и учител Пеце Атанасовски. Следуваше албумот „Македонски

Ристо Вртев

традиционални љубовни песни“ (издание на најреспектабилната независна македонска издавачка етикета „Трето уво“) каде во една камерна форма „изворното и природно“, „софистицираното и современо по сензибилитет“ пеење на нашата тетка Вања во „неслутените висини на уметничкиот естетизам“ (како што ќе забележи етномузикологот и нејзиниот животен сопатник Душко Димитровски) е следено од инструменталистите – солисти, големи мајстори на својот занает: Благоја Десковски – виолина, Стојанче Костовски – кавал, Хисрет Саит – канон, Драги Митев – кларинет и Златко Ориѓански – тамбура, продуцент на материјалот чија пасија и движечко уметничко кредо е потрагата по изворното во македонскиот звук.
    

Влатко Стефановски

   И, ако со обете звуковни фрески, се заокружи автентичното вонсериско претставување на моќната творечка душа на Вања Лазарова, актуелната објава „Ритмистика“ („Трето уво“, 2000) е неверојатно храбар и насушно потребен исчекор во иднината што можат да го сторат само навистина големите творци. Имено, овде во безмалку 40-те минути  забележана музика единствениот кадифен глас, не за прв пат, ќе се најде во едно само по форма, но не и по суштина, поинакво звучно опркужување. Колку за потсетување, соработката и чудесното пријателство на Лазарова со членовите на групата АНАСТАСИЈА е бележито за целата мината деценија, а неверојатно инспиративно и футуристички беше крунисано во 1994 година со песните „Девојче бело, црвено“ и „Со маки сум се родил“ снимени за потребите на музиката за култниот филм на Милчо Манчевски „Пред дождот“.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+