Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Звук Осврти

Денови на голтање на слободата

Постфестум: СКОПЈЕ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ 2000


/3
стр. 1
Љупчо Јолевски

Ахмад Џамал

    Во просторов и времево затруени од вулгарното практицирање на политиката, повторно ја имавме можноста за кратко бегство од реалноста. Од 20 до 25-ти октомври годинава ни се случи 19-то издание на Скопскиот џез фестивал, една од неколкуте културни манифестации во државава кои оставаат простор барем за миг да се почувствуваме дека и ние „западнобалканците“ сме „дел од цивилизираниот свет“. И тоа, овде и сега, каде што е неодминливо чувството на апатија и бесперспективност, кадешто господари на играта се илузионистите и „продавачите“ на имитација на животот.
    

Sun Ra Archestra

    Затоа и Фестивалот, сред оние кои ја претпочитаат слободата на мислата, од сосема нормална музичка манифестација со здрава  концепција и своја целна група, израсна во симбол на отпорот против „балканизацијата на умот и поведението“ во сите појавни облици. А, дека нивниот број од година во година се мултиплицира вистински показ е токму последново издание кое го цементира уверувањето дека мисијата конечно ја жнее жетвата и Фестивалот се етаблира во врвно случување чија понуда постојано и упорно се движи по нагорна линија. Впрочем, како поинаку да се објасни пројавениот интерес (читај: вистинската бркотница за влезница повеќе, преполната сала што по којзнае кој пат го актуелизира акутниот главноградски проблем од недостаток на објект што прилега за вакви и слични случувања…) и сето она што (веќе) се бележи како феномен навидум нималку типичен за поднебјево (за Скопскиот џез фестивал со респект се говори во престолнината на световниот џез –

Мариса Монте

Њујорк, во Париз, Рио …, не случајно првиот човек на Манифестацијата Оливер Белопета ја доби довербата да му го врати реномето на еден од најстарите џез фестивали во Европа, оној во Љубљана…). И, ако бележаново се конклузии кои во ниеден момент не смеат да се тргнат од умот при идните условни прашалници од било каква провиненција во врска со Манифестацијата, разглобувањето на случувањето нè води и кон следниве размисли за престижното досие: “Скопје џез фестивал“. Да тргнеме со ред.
    

Дејвид Муреј

    Годинешната програма, распослана во поодамна усталениот шестдневен термин, ги имаше сите белези на веќе етаблираната идеја за презентирање на случувањата во современиот џез и несомнено може да се компарира со понудите на кој било голем џез фестивал во глобални рамки, независно од буџетите со коишто истите располагаат. Фестивалот не случајно започна со музика која извира од поднебјето на оние со коишто заврши минатогодишното издание – кубанската. Медиумската сеприсутност на дадениот звук (особено по реализацијата на проектот “Buena Vista Social Club” зад кој со својот авторитет застанаа извиканите Рај Кудер, Ник Голд,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+