Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Театар Теорија

Чиста игра

(Биомеханичкиот систем на Всеволод Емилевич Мејерхољд)


/7
стр. 1
Мишел Павловски

    Биомеханичкиот систем на Всеволод Емилевич Мејерхољд може да се дефинира не само како начин на актерска подготовка и сценско изразување, туку и од аспект (не до крај заокружен, меѓутоа, сепак, доволно определен) на глобален театарски систем. Притоа, треба да се има на ум определбата на Алексеј Александрович Гвоздев, кој, зборувајќи за театарски систем, мисли на „односите меѓу драматургијата, сцената, актерската игра и гледачите“. Токму меѓу односите на овие четири елементи: сценскиот простор, публиката, актерската игра и драмскиот материјал, надополнети со режисерот и неговата улога како креативен сублиматор на претходното, се изразуваат и главните одлики на творештвото на Всеволод Емилевич, па во тие рамки и теоријата на биомеханиката. Меѓу првите теоретски и практични новини што Мејерхољд ги воведе во својот режисерски ракопис, имено, е преструктурирањето на сцената, разбивањето на сценскиот простор и напуштањето на „кутијата без четвртиот ѕид“. Неговата реформа на сцената почнува со методот на стилизација, објавен за време на работата во Театар-Студиото. Стилизацијата го доведува Мејерхољд до „решавање на поставката со површини“, односно, до елиминирање на кулисите и поставувањето на актерот, како главно изразно средство на театарот, на „фон“. Со ова почнува деструктуирањето на сценскиот простор, наследен од стариот театар, оној театар што Алексеј Гвоздев го нарекува „театар на епохата на Ренесансата“, и, кој, меѓу другото, ја промовира сцената-кутија. Деструктуирањето на сцената нужно доведува до разбуденото интересирање на Мејерхољд кон театарските системи, ослободени од сцената-кутија, поточно, кон театарот на епохите пред Ренесансата, главно, шпанскиот театар, commedia dell'arte и, се разбира, античкиот театар: „Ако Условниот театар сака уништување на декорациите (…) не сака рампа, (…) не води ли таквиот театар кон обновување на античкиот театар? Да. Античкиот театар, според својата архитектура, имено, е оној театар, кој го содржи сето она што му е потребно на нашиот денешен театар: нема декорации, пространството има три димензии (…) Античкиот театар со неговата едноставност, со местата за публика во форма на потковица, со орхестрата, е единствениот театар што може да го прифати разнообразниот репертоар: 'Панаѓур' на Блок, 'Животот на човекот на Андреев', трагедиите на Метерлинк…“.
    Разбивањето на сцената, практично започнато во Театар-Студиото, а теоретски образложено во статијата „Кон историјата и техниката на театарот“, кулминира со конструктивистичкото решавање на „Великодушниот рогоносец“ и „Смртта на Тарелкин“. Сцената во овие две претстави не само што не наликува на ренесансната кутија, туку е до крајни граници динамизирана и ставена во функција на претставата. Таа е максимално оголена, на неа се оставени само елементите, кои му овозможуваат на актерот да






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+