Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 17 | година III | октомври-ноември, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 17октомври-ноември, 2000
Театар Осврти

Театарски фестивал „Москва 2001“

(Во 2001 г. Москва ќе биде домаќин на Третата театарска Олимпијада)


/4
стр. 1
Василка Бумбарова

    „… Наоѓајќи се на раскрсницата на илјадолетијата, ние сè повеќе го спознаваме навлегувањето на минатото во сегашноста и на сегашноста во иднината. Минатото ја носи својата слава и таа се предава во сегашноста, а нашата задача е да ја пренесеме таа слава во иднината. Заедно со тоа ние ги паметиме ужасите од минатото и тоа паметење нè тера да чувствуваме страв пред иднината. И нашето движење кон иднината треба да го оствариме со таква елеганција и сила, со каква што ги создавале древните народи своите трагедии. Ние како некогаш ги слушаме гласовите на древниот хор. И светлината на илјадолетијата што надоаѓаат ги фрла нашите сенки што играат во новото илјадолетие…“ Овие зборови на познатиот грчки режисер Теодорос Терзопулос – претседател на Олимпискиот театарски комитет се дел од Манифестот на театарските олимпијци во предвечерието на театарската олимпијада, која ќе се одржи во Москва во 2001 година.

    Историја

    Пред неколку години во Делфи (Грција) едно од најголемите имиња на светскиот театар какви што се Јуриј Љубимов, Жорж Лавадан, Роберт Вилсон, Тадаши Сузуки, Хајнер Милер создаваат комитет за подготовка на Театарската олимпијада. Инспирирани од мисијата на Олимпиското движење и од идејата за средба на различните театарски култури членовите на комитетот со нагрбуваат со благородната задача да го реализираат во различни земји во светот празникот на сценското искуство, наречен едноставно Театарска олимпијада.
    Првата театарска олимпијада е одржана 1995 година во Делфи. Таа беше посветена на темата „Античката драма во современиот свет“ и домаќин на Олимпијадата беше Терзопулос. Летото 1995 година се одржа втората олимпијада во јапонското градче Шизуока. Таа и‘ беше посветена на темата „Создавајќи надежи“, а домаќинот на олимпијада Тадаши Сузуки ги пречека театарските групи од 21 земја. Олимписката театарска идеја се роди во Грција, а продолжи во Јапонија, што значи во две земји со големи театарски култури, европската и азиската. Не е случаен ни изборот на земјата домаќин на третата олимпијада – Русија. Земја и европска и азиска, земја со навистина голема театарска култура, која го има родено и сочувано модерниот театар на ХХ век. Во Москва театарската олимпијада ќе се одржи во соработка со еден од најкрупните и реномирани светски театарски фестивали – Чеховиот. Се обидувам да ја раскажам со неколку збора, иако е тоа невозможно, историјата на тој според суштина уникатен фестивал на празниот фестивалски простор на Русија непосредно по паѓањето на „железната завеса“ и благодарение на напорите на неговите организатори не и‘ даде возможност на „економската завеса“ да го оддели рускиот театар






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+