Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 18 | година IV | јануари, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 18јануари, 2001
Поезија

Избор поезија од поети-учесници на „Виленица 2000“

Превод од англиски: Зоран Анчевски


/4
стр. 1
Ерик Менквелд

Интимни писма
Nuper rosarum flores
Poeme de l'extase
Reveil des oiseaux

_______________________________________________________________________

Интимни писма
(Јаначек)

Направив земјата да се тресе заради него.

Ги инспирирав овие писма во него,
толку страсно напишани
што нотите удираат
по нотните црти како дожд од искри.

Само низ мене
мелодиите се креваа над
стеблото на неговото помнење и
го спотнуваа ветерот во завесите,
сколовранците разџагорени во брестот
на плоштадот.

Што сè немаше
меѓу нас! Каква само жена
сум јас!






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+