Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 18 | година IV | јануари, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 18јануари, 2001
Поезија

Избор поезија од поети-учесници на „Виленица 2000“

Превод од англиски: Зоран Анчевски


/3
стр. 1
Јанис Елсбергз

Утринско кафе
***
***

_______________________________________________________________________

Утринско кафе

„Напиј се едно кафе, човече, едно злобно утринско кафе“ –
си велам за да се размрдам, „шмркај го жешко, страшно жешко
со парче лимун, горчливо и толку жешко, грло да ти изгори,
да те заболи“ – пробај го својот нож наутро,
секој треба да го проба својот нож наутро –
нема друг начин да се стаса до срцето на лимунот. Добар нож
е остар нож, остар нож е добар нож, треба да знаеш како да ракуваш со нож за да те рани – во животот помниме само засечени рани и хоризонти, исплашени од темнината, или од акутната осаменост – но јас седам и пишувам, не пуштам никого крај мене, зашто сум бил секаде со секого и сум се вратил во татковината, градот, улицата, во мојата соба, во аголот, згрчен од лутина крај ламбата, да пишувам, пишувам…

Сигурно ми е во природата да го губам умот освен ако не сум
безумно пијан. Во љубовта и во поезијата, го има насекаде,
умот – со бистро око и со уши што слушаат
не само во просторот, туку и напред во времето и особено,
особено назад. Доаѓам дома, моите стапки се тетерават
по новиот снег на тротоарот зад мене
и меѓу плакатите на автобуската станица кајшто седи жена
стуткана пред жолта реклама, нозете испружени,
главата наведната надолу за да го скрие ликот од светот.
Не ја гледам, ја погледнувам на одминување, одминувам.
Но стој, што ако е тоа мојата љубена?
Не, тоа е лудо – како прво, знам дека тоа е невозможно
и како второ, љубени жени не седат така,
тие читаат весници, љубените жени читаат весници
што пишуваат за тоа колку пијаници смрзнале на улица
оваа недела и ги боли срцето, како што ме боли моево.
Продолжувам да одам, не знам колку жени има
во Летонија кои се љубени, колку граѓани или жени
во земјата, колку Литванки, Русинки или Еврејки.
Овие нешта се целосно анализирани и за нив има извештај
во дневниот весник Ден, или во неделникот Ноќ.
Продолжувам понатаму, не знам, но се надевам дека не љубам,
дека не сум љубел, дека никогаш нема да ја љубам оваа жена
потпрена на рекламата
направена за компанијата за односи со јавноста од уметникот
Андрејс Амељковичс,
со кого ја делев клупата во прво одделение пред осумнаесет години.
продолжувам да одам бидејќи премногу се плашам да се вратам,
се плашам дека жената не ќе ме разбере ако ѝ подадам рака,
дека таа ќе ја собере последната трошка сила да ме застрела
со токсична плуканка право в око. Дека ниту сеќавањето
не ќе ме додржи.

Затоа си одам дома. Знам ужасно многу за животот
но сè уште не ѝ се предавам на судбината. Глупаво е.
Ќе одам ли пак да се повозам, да се качам во автобус
и да се обидам да ги изгребам и излупам цветовите од мраз од прозорците
за да видам
уште колку има до мојата станица или што има ново во мојот град
или барем да се уверам дека не сум ја промашил мојата станица и не сум
стасал на последната станица.
По ѓаволите, зар не сум – можеби сè уште е можно – сè уште е можно
да го сторам тоа…
Да оставам барем ситна трага, ако ништо друго барем да залепам парче
мастика под седиштето или да начкрабам некоја гадна пцост во бојата…
Дланката ми е влажна од мртвите мразни цветови.
Овој автобус ќе запре,
А ако не стасам дома, сигурно ќе стасам некаде.
Животот е толку едноставен, кафето е студено, гладен сум.
Имам што да јадам. Јадам. Повеќе не сум гладен.
Прекрасно.

Осамен, опкружен од сигурните граници на мојот стан,
мојот град, мојата татковина. Моите мисли и сеќавања за љубовта,
очите, клупите, стравот и автобусите се опколени од цврст череп.
Конечно се насмевнувам.
Еден зрак влегува за да ми ја засече насмевката,
да ја прошири,
прошири,
прошири.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+