Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 18 | година IV | јануари, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 18јануари, 2001
Проза

Последната прозорска жирафа

Сликовен речник за петгодишници и постари (извадоци)


/10
стр. 1
Питер Зилахи

Прозорската жирафа беше сликовница од којашто учевме да читаме кога не знаевме како се чита. Веќе по малку читав, но тоа сепак морав да го учам, затоа што училиштето затоа и постои. Прозорската жирафа ни го откриваше светот по азбучен редослед. Сè си имаше рима и значење, и симболичко и секојдневно. Од таа сликовница научивме дека сонцето изгрева на исток, дека нашите срца се на лево, дека великата Октомвриска револуција била во ноември, и дека светлината влегува низ прозорецот, дури и кога е затворен. Прозорската жирафа беше преполна со седмоглави ламји, самовили, ѓаволи и принцови, и ни кажуваше дека тие не постојат. Запомнив четири вида змејови коишто не постојат, а и три принца. Слог по слог, прозорската жирафа нè учеше да читаме меѓу редови. Ja земавме здраво за готово, како мечето на ТВ пред спиење. Никој не помислуваше да се сомнева во неа. Прозорската жирафа беше прозорска жирафа. Прозорската жирафа е моето детство, собата за преслекување, основно образование; а растеше постојано, секогаш влегувајќи во подобро доба, меко диктаторство, мојата домашна задача, мојата невиност, мојата генерација. Прозорската жирафа е книга, а јас бев еден од ликовите. Дваесет години подоцна, кога ме запрашаа, сфатив дека првите и последните зборови, алфа и омега, се прозорец и жирафа[1]… Да. Прозорецот е почеток, светлината влегува низ прозорецот, жирафата е крај на бескрајноста, надреализам, огнени жирафи, вечно ќе живееме! Еден лексикон што го содржи она што било изоставено.

Париз си има своја жирафа. Ја видов на разгледница. Таа се вика I-fell-tower (се чита Ај фил тауер = чувствувам кула, кула што чувствува, заб. прев.). Жофи Брунер ми ја прати откако со родителите избега во Франција, па после учеше да чита од француски буквар. I-fell-tower има долг врат, четири нозе, и ужасно многу прозорци. Тоа е и жирафа и прозорец едновремено, а има и убаво име, возбуда и ветување собрани во едно, ветувањето за ненадеен скок, конечниот раскин со погледот од жабја перспектива, којшто експресниот лифт во внатрешноста го деградира на ниво на технолошко прашање. Жофи и самата по малку личеше на жирафа, освен што немаше ни прозорец ни експресен лифт во себе. Експресниот лифт ми беше в грло кога таа, со нејзините кибритчести нозе, потскокнуваше кон мојата клупа и ми даваше да ја помирисам нејзината миризлива гумичка. Ја минав целата ноќ во екстаза на вежбање слогови. Буквите надоаѓаа кон мене како мачји очи на темен пат. Следниот ден, Жофи избега. Нашиот учител ни кажа, дека неочекувано морале

_____________________________________

1. На унгарски, прозорец е ablak а жирафа е zsiráf. Верувајте ми на збор.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+