Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 18 | година IV | јануари, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 18јануари, 2001
Проза

Зимско сонце

/4
стр. 1
Бранко Пендовски

    Колата запре зад две-три други коли што стоеја пред двете осамени куќи во планината. Додека жените во колата ги земаа букетите цвеќиња и други мали нешта што се носеа во ваква пригода пред поголемата приземна куќа можев да забележам луѓе, роднини и блиски на покојниот, наредени во здржано исчекување да примат сочувство и да ги пропуштат новодојдените. Тоа потраја, ми се стори малку подолго, но конечно излеговме, се ракувавме и се бакнавме со роднините, со другите само се ракувавме, изразувајќи им сочувство за големата загуба.
    Стравот дека ќе задоцниме се покажа претеран, но зимскиот ден брзо се скратуваше. Влеговме во куќата. Во големата соба, каде што лете се вареше млекото од овците, гледавме телевизија или се собиравме на разговор со роднините, стоеја десетина жени и по некој маж. Покојникот, среде скржави зимски цвеќиња, лежеше на истиот кревет наспроти прозорците, на кој лежеше и спиеше катаден и секоја ноќ. Постојав малку, потоа се најдов во тесното ходниче меѓу собите. Тука се сретнав со синот, што беше и домаќин на оваа куќа. И со него се ракувавме и се избакнавме, а тој здржано само рече: „Ете, го испуштивме татко!“
    Ме поведе во другата соба, седнавме и запаливме по една цигара. Ми кажуваше за последните денови и мигови на стариот. Дошол некој пријател на стариот од долното село и му донесол шише со вино. Стариот не смеел да пие вино, ама ова полека-полека си го испил. Згора на си, тоа вино било и некако кисело. Неколку дена повраќал, не можел да јаде, му било лошо, но не сакал да викаат лекар.
    – Снао, вечер ќе ти кажам нешто, – ѝ рекол стариот на средовечната жена.
    Тоа попладне му било мошне лошо. Синот слегол во долното село да порача по лекар. Кога се вратил, татко му веќе починал. Не стигнал да ѝ го каже на снаата тоа „нешто“. Пред мене синот се прашуваше, што можело тоа да биде? Дали некоја последна желба? Или пак да открие некоја своја тајна? Или порака?
    Стариот лежеше неподвижен на својот кревет среде цвеќиња, а жените влегуваа и излегуваа од собата. Веќе беше дошол и попот. Станавме и се разделивме.
    По извесно време покојникот го изнесоа пред куќи. Тоа го најавија два пробивни гласа – всушност два крика на плач – едниот женски, веројатно на една од ќерките, другиот машки, на еден од синовите. Тие гласови, тој пробивен плач како да изразуваше болно корнење на најстариот и најдлабок корен од куќава.
    Попот, средовечен човек со кратка






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+