Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 18 | година IV | јануари, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 18јануари, 2001
Есеи

Предупредувачката нужност на државните ритуали

/4
стр. 1
Алеш Дебељак

    Албер Ками, мојот херој чиешто дело, исто како и неговиот живот – а ова е стандард чиешто задоволување изискува многу – инспирира почит и восхит, во влијателниот магазин Combat за ослободувањето на Париз во 1944, напиша дека бреговите на Сена блескаа не само во светлината на ослободувањето, туку исто така и во светлината на идната слобода.
    Оваа дистинкција ми доаѓа на ум кога го набљудувам ставот на Словенците кон нивната држава. Со нужниот степен на симплификација, луѓето во мојата држава можат да бидат сведени на два главни идеални типа: од една страна се оние коишто покажуваат отпор кон сè што мириса (или, подбро: смрди – термин којшто претставниците на овој тип несомнено би претпочитале да го употребат) на државата и нејзините институции, додека од другата страна се оние коишто покажуваат разигран ентузијазам за сè што е словенечко. Првата група, во најголем дел, се состои од не-реконструираните левичари, дежурните поплакувачи, носталгичните членови на движењата за граѓанска иницијатива од осумдесеттите години, придружните анархисти и луѓето кои обиваат да гледаат подлеку од сопствениот нос, сите коишто зајадливо тврдат дека нивниот став е кулминација на „автономијата“.
    Овие особеници во принцип се згрозуваат од сите државни структури, тројната поделба на власта, механизмите на парламентарната демократија, дури и од државните симболи, какви што се знамето и армиските обележја. Изгледа дека таквиот став беше автоматски наследен од ерата на Југославија кога државата, којашто денес е распадната, повеќе или помалку дејствуваше како отелотворување на комунистичкиот потлачител како и на српските културни обичаи, со тоа што влијанието и јавната перцепција на последниве сè повеќе се зголемуваше, колку повеќе се приближувавме кон конечното распаѓање на Југославија. Таквата длабоко вкоренета одбојност имплицира дека овие индивидуи a priori одбиваат – без подробностите на една критичка анализа – да го согледаат главниот raison d’etre на државата. Тоа значи дека тие се обидуваат да го отфрлат фактот дека државата обезбедува поширока рамка за навиките на колективна егзистенција на нејзините граѓани. Токму апстрактното функционирање на државните структури и нејзините институции го гарантира множеството јавни и приватни животни стилови во рамките и под заштитата на архитектурата на колективната егзистенција. Накусо, ние сме во позиција да ги негуваме и култивираме нашите сопствени задоволства затоа што рамката на државата ја осигурува возможноста на таквото култивирање. Државата, на крај, гарантира дека не се сите сфери на животот подложни на политичката волја и нејзините честопати арбитрарни изливи.
    Во овој поглед принуден сум да тврдам дека логиката на граѓанството е најважниот аспект на државата;


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+