Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 18 | година IV | јануари, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 18јануари, 2001
Есеи

Европа, Америка и Атлантскиот мост

/4
стр. 1
Алеш Дебељак

    Кога Вим Вендерс (Wim Wenders), извонредниот германски режисер, се вратил на европскиот континент по неколкугодишно живеење во Америка, бил обземен со нејасната, но сепак постојано присутна убеденост во суштинската разлика помеѓу европската и американската “forma mentis”. Враќањето на Вим Вендерс, наспроти давењето на неговиот колега режисер Вокер Шлендорф (Volker Schlendorf) во индустрискиот лавиринт на Холивуд, ги покажува неговите лични, и, пред сè, неговите уметнички склоности. Ништо чудно. Прекрасните филмски медитации на Вендерс, во коишто тој трага по откривањето на некој вид егзистенцијално значење во добата на електронските слики, се претставници на еден засебен дел од европскиот културен пејзаж повеќе од дваесет години. Како и да е, Вим Вендерс ги снима своите филмови за својата сопствена продуцентска куќа “Road Movies”, при што и самото име ја открива инспирираноста од Америка. Ако се погледне во суштината на филмовите, собраните дела на Вендерс потекнуваат од едно радикално движење коешто започнало во Минхен и е познато како „новиот германски филм“. Денес, за жал, малку кој се сеќава на ова движење.
    И, тоа е разбирливо. Живееме во еден историски момент којшто изискува само учество во „постојаното сега“ (“perpetual now”). Опседнатоста со сегашноста е, на крајот на краиштата, главната сила којашто го придвижува крупниот капитализам и самиот американски менталитет. Да се поседува, да се има сè, да се има сè денес: ова е императивот на земјата каде што историјата има многу мало значење. Соединетите Американски Држави се создадени врз основа на бегство од историјата и врз негување на предрасуди. Иселеничкото искуство коешто го дефинира американскиот живот е искуство на индивидуи присилени да ја одржуваат дистанцата помеѓу вчерашниот ритуал, одреден од архетипска формула, од една, и денешното ветување за среќа, слободно достапна секому затоа што среќата постојано надоаѓа, од друга страна. Американската култура сè уште е дефинирана според парадоксот којшто Алексис Токвил (Alexis Tocqueville) толку елоквентно го опишал уште пред век и половина. Демократијата и меркантилизмот навестуваат дека секој што е доволно богат може да си ги дозволи луксузите на аристократијата; но, сепак, никој не може да биде крал.
    Наместо да ја имаат тежината на историјата и капитал во сина крв, Американците, коишто дефинитивно не се запознаени со аристократската традиција, успешно создале хиерархија на финансискиот капитал. Ова пак, од друга страна, им овозможува да контактираат со елитата чијшто социјален статус се менува со појавувањето на скороевците, чиишто џебови се загреани од платинестите American Express кредитни картички. Во овој контекст, не е необично што, во согласност со императивот да се


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+