Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 18 | година IV | јануари, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 18јануари, 2001
Критика

Нашиот удел во овој свет

/11
стр. 1
Атанас Вангелов

Иван или Цветан?

    Првата година по спектакуларниот пад на комунизмот во Европа (1990) донесе еден роман (меѓу многу други), „поставен“ во времето на студентските побуни во шеесеттите години (1968) во Европа. Романот ја слика средината на париската интелектуална елита која не остана настрана од тие настани. Не само темата и јунаците од романот Самураи (Les Samouraïs[1]) се тие што привклекуваат внимание, туку – не помалку – и нејзиниот автор. Тоа е Јулија Кристева, повеќе позната како водечки универзитски професор по лингвистка и психоанализа (Париз VII), а помалку како романсиер од име и углед.
    Кристева доаѓа од Софија (Бугарија) во Париз две години пред студентските буни (1966). Успева, за необично кусо време, да се пробие до строгиот центар на тогашната културна авангарда, собрана околу, веќе, култниот Ролан Барт. Пред десетина година (1956) Барт поведе крстоносна војна против безнадежно безличниот, монотон и здодевен академизам на тогашната универзитетска критика. Згасна сонцето на тој академизам, симболично претставен преку Рејмон Пикар; во Париз светна, а по светот се разлеа раскошниот, заслепувачки блесок на неговата сетилна, еротско-електрична критика: заведлива, игрива, елегантна, технички совршена и подеднакво привлечна како за студентските маси кои ги полнат аулите во кои предава тој, така и за учената хуманистичка елита од сите четири страни на светот. Три години (1963) пред Кристева, по ист начин пристига од Софија во Париз и Цветан Тодоров кој, во времето кога доаѓа Кристева, има солидна, ако не и повластена позиција во орбитата на Барт.
    Токму за тоа „доаѓање“ зборува почетокот на романот на Јулија Кристева. Романот е своевидна „слика“ на луѓе во која доминираат „најпознатите интелектуалци од таа епоха“ Меѓу нив е и Цветан Тодоров кој, многу подоцна, на друго место, и сам размислува за своето доаѓање во Париз: „Мојот премин од Софија во Париз (…) ми го покажа релативното и апсолутното истовремено. Релативното, затоа што веќе не можев да не знам дека сè не мора да се случува секаде како во мојата родна земја. Апсолутното исто така сепак, затоа што тоталитарниот режим во кој пораснав можеше да ми служи, во секоја околност, како подлога за злото“ (L’homme dépaysé, 25).    Каков е портретот (1966) и што правел Цветан Тодоров, според сеќавањето на Кристева за кое вели, повикувајќи се на Стендал, дека личи на „војничката храброст“: како и храброста од тој вид, сеќавањето (= меморија) не поднесува „компромиси“; тоа е непоткупливо, строго и безмилосно: нешто како вистината и правдата.
    Иван (така се вика Цветан Тодоров во романот Самураи) е млад човек кој „лакомо

_____________________________________

1. Librairie Arthéme Fayard 1990; Gallimard 1992.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+