Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 18 | година IV | јануари, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 18јануари, 2001
Звук Осврти

Балкански рокенрол самит

(„Таксират“ 2) - Даб верзија


/5
стр. 1
Љупчо Јолевски

  Фестивалот, одржан во ноќта помеѓу 25 и 26 ноември годинава во Скопското сајмиште, ги немаше амбициите за официјален показ на балканското „задругарство“ во густирањето на „европските лижавчиња“ како „случувањето“ во Загреб на пример, и со самото тоа е обичен чесен и убав потег за конзумирање на животната енергија во нормални дози и без ѕидови во главата.
       Рокенролот, како специфичен стадиум на свеста и трошењето на енергијата, во основа го канализира бунтот и потикнува на акција што по правило треба да носи меѓугенерацијско сплотување и идеја за отворена и неусловена комуникација. Неговото, пак, „балканско“ читање неколку децении наназад не само што ја промовира рокенрол сцената во тогаш заедничката држава како една од повозбудливите (посилните) во Европа во дадениот период, туку и само по себе отвори процеси во младинската (суб)култура кои значително влијаеја на токовите на општественото живеење во целина. Арно ама, кога на таквото ниво на поимање на светот му беше спротивставено практицирањето на рудиментираната шунд балканштина во нејзиниот анимален облик, се случи отворањето на „Пандорината кутија“ и… Конечно, стартот на новиот милениум ќе биде бележан како време на исцелување на раните и враќање на вербата дека за „дивиот Балкан“ мора да има излез од лавиринтот… при што токму луѓето од (контра)културата ќе бидат оние што засилено ќе го продолжат трасирањето на мостовите на взаемното разбирање,што за чудо споменативе не го запреа ниту во деновите на крвопролевањето колку и апсурдно да звучи. При ова, во никој случај не смее да се заборави, дека благодарение на „правоверните рокенрол типчиња“ во државава, токму Македонија беше местото каде во повеќе прилики во деновите на антагонизмот беа подавани рацете и будени спомените како увертира за едно поинакво утре и перспективи што ќе завршат на колот од новоизградениот плот на „трлото“.

[„Таксират“ 2 фото галерија]

   Е, сега каква е врската на сево ова со „Таксират“ фестивалот и момчињата од „Литиум“ каде во случајов гласноговорници се „валкан балканците“ Логин (Кочишки) и Трендо (Сашо Мацановски). Едноставна.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+