Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 18 | година IV | јануари, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 18јануари, 2001
Театар Теорија

Интеракцијата на јазиците во азискиот театар

/4
стр. 1
Владимир Мартиновски

    Уште од најдревните времиња уметниците од различните колевки на цивилизацијата, прогонувани од исконскиот порив за „средба со Другиот“, покажувале жив интерес за интеркултурна комуникација и дијалог. Токму една таква средба со азиската театарска традиција, сфатена во целата нејзина културно-историска и естетска димензија, за европските театарски творци и теоретичари отсекогаш претставувала вистинска можност не само да ги преиспитуваат сопствените патишта, развојни линии и концепти туку и да „медитираат“ на едно глобално рамниште за најголемите загатки на драмската уметност.
     Во тој контекст, речиси невозможно е да се опише еруптивното чувство на „откровение“ што проструило низ културната јавност ширум Европа кога во 1789 година бил направен првиот превод на драмата Сакунтала од Калидаса, најголемиот драматург на „златниот век“ на класичниот индиски театар. Гигантските естетски дострели на оваа пиеса биле главната причина поради која на овој автор од 4 век веднаш му бил доделен епитетот „индиски Шекспир“. Исто така, невозможно е а да не се потенцира фасцинацијата од театарскиот јазик на различните драмски облици од Далечниот Исток, која ќе ја одигра една од клучните ролји во оформувањето на уметничките хоризонти и во творештвото на голем број европски театарски подвижници од ХХ век: од Антонен Арто до Жан Жене, од Макс Реинхард до Бертолт Брехт, од Жулиен Бек од Питер Брук, од Јержи Гротовски до Еуџенио Барба.
    Во таа смисла, веднаш се наметнува прашањето: што ги натерало овие великани на современиот „западен“ театар длабоко да се поклонат и да искажат безрезервна, егзалтирана почит кон различните форми на азискиот театар? Ако се обидеме да го побараме еден од можните одговори во книгата на А. Арто Театарот и неговиот двојник (1938), која според зборовите на Жан-Луи Баро е „неспоредливо најважното нешто напишано за театарот на ХХ век“, веднаш ќе забележиме дека неговата визија за „идеалниот“ театар на иднината е во суштинска корелација со темелните естетски определби на азиската драма и театар. Противејќи се на „диктатурата и тиранијата на вербалниот говор“ на сцената, својствени за западниот театар, и залагајќи се за еден нов „метафизички“ сценски јазик, Арто сонува за театар „кој се служи со сите јазици: со движења, со звуци, со оган, со крици, со гестови и положби кои имаат идеографски вредности (…) театар кој се наоѓа во оној миг кога на духот му е потребен јазик за да се изрази“. Токму затоа, Арто „го препознава“ својот сон во една претстава на Балискиот театар.
    Кога станува збор за специфичниот амалгам на изразните средства, карактеристичен за индиската драма и театар, како






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+