Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 19 | година IV | февруари-март, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 19февруари-март, 2001
Проза

Омега, како некогаш ветрот во тополите

/5
стр. 1
Снежана Букал

„ На умниот ѕидар да му се урива вечниот труд -
    Тоа е омега на сè, на сè е крај.

Лаза Костиќ, Сеќавање на Руварц

… и така, што е особено важно, е отстранет секој
    континуум којшто би постоел со некој друг.
    Кога тој ќе се отстрани, се губат и многу други сериозни потешкотии,
    та не постои никаква неизмерност којашто навистина би постоела,
    туку само помеѓу можните нешта останува низа на одредености,
    продолжена до неизмерност.

Руѓер Јосип Бошковиќ, Theoria Philosophiae Naturalis

   Се сеќавам дека најпрво ги виѓавав во сништата и дека отпрвин не ми го нарушуваа сонот. Напротив, им се радував. Иако во таа радост можеше да се насети никулецот на идната болка. Ме врзуваа со невидливи нишки за претходното, за она што еднаш беше бил мојот живот којшто толку безгрижно го делев со оние коишто веќе ги нема, и не насетувајќи дека во некое време коешто топрва треба да се случи сето тоа ќе биде магма од сеќавања, лажовна и тешка.
       Наутро ќе помислев дека тоа е само сон, прелага, магла, пајажина, ништо, и невознемирена ќе го продолжев денот, чијашто монотона, предвидлива празнотија беше сепак полесно да се поднесе. Ги развивав сништата во текот на денот, полека. Ќе седев на паузата за ручек на некоја клупа во паркот, со поглед на каналот и јатата птици на коишто им фрлав паричиња стар леб што секогаш го носев во мојата црна торба, и бев мирна, исполнета со таа сновиденска полнотија во којашто сè настануваше и во којашто јас, сонувачката којашто не ја гледам но ја чувствувам, за чудо, секогаш беше не само помлада, секогаш на некаков почеток, туку и цела, заокружена, исполнета со живот. Можев да се насмевнам над некој детаљ од сонот. Или да втонам во мисли од коишто ќе ме сепнеше сирената на бродот во минување, или пак ѕвоното од блиската црква коешто ќе избиеше два пати, знак дека е време да се вратам.
       Веќе не се сеќавам кога од сништата се преселија во мојкот живот, во мојот буден живот. Најпрвин го населија просторот на работ на погледот, просторот во моментот на измолкнување, а јас не забележав. Тоа не се случи одеднаш, туку постепено, во бавното поместување на свеста, во бавното прифаќање дека тоа што моите очи го гледаат навистина постои. Зашто, штом ќе ги здогледав – исчезнуваа: бледи лица во трамвај со којшто се разминувам; човек крај пругата, неподвижен во просторот крај којшто со возот минувам; жена којашто сум ја знаела скршнува зад уличниот агол пред






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+