Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 19 | година IV | февруари-март, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 19февруари-март, 2001
Есеи

Философскиот статус на естетиката

/6
стр. 1
Мери Деверо

   Би сакала да започнам со две прелиминарни прашања: што значи зборот „статус“? И што прашуваме кога се прашуваме за статусот на естетиката? Според American Heritage Dictionary, „статус“ може да се дефинира како (1) положба релативна на онаа на другите; позиција: таа има статус на гостин; (2) висок углед; престиж: висока позиција во заедницата, на пример, статус на водач или исцелител; (3) во правото, правна одлика или состојба на личност или ствар: статус на малолетник; (4) состојба на нештата; ситуација; (5) состојба на некој или на нешто, на пример, медицинскиот статус на пациентот.
       Имајќи го предвид ова воопштено разбирање на терминот „статус“, што е она специфичното коешто го имаме на ум кога го испитуваме статусот на естетиката? Тука се присутни барем три различни прашања: (1) Прашањето за положбата или внатрешната состојба на естетиката: какво е релативното здравје на ова подрачје? Во каква форма сме? Дали работите се одвиваат глатко и добро? (2) Прашањето за фактичката положба на естетиката во однос на онаа на другите подрачја во рамките на философијата: каде, во актуелната философска мапа, се вклопува естетиката? Каква е нејзината репутација, престиж, углед? (3) Прашањето за соодветната позиција на естетиката во однос на философијата: каква положба треба да зазема естетиката? Кои се нејзините вистински задолженија и централни философски улоги?
       Прашањето за внатрешната состојба на естетиката има две составки. Едната се однесува на квалитетот на извршената работа во естетиката: другата ги засега професионалните шанси на естетичарите. Што се однесува на квалитетот на извршената работа, сликата е, општо земено, оптимистичка. Иако современата естетика нема ниеден Кант (факт кој не ја разликува од другите специјализирани подрачја), делата на Нелзон Гудман (Nelson Goodman), Стенли Кејвел (Stanley Cavell), Артур Данто (Arthur Danto) и другите влијателни фигури извршија големо влијание врз ова поле. Извесни достигнувања одново ја закрепнаа естетиката. Да споменеме само три од нив.
       Првото е фактот што, приближно, од крајот на седумдесеттите години, философите на уметноста ги напуштија своите фотелји со цел многу поодблизу да ги испитаат проблемите и практиките на самите уметности, опфаќајќи широк домен на теми од сликарството, фотографијата, филмот, музиката, литературата и танцот. Како и современите философи на науката, од кои се очекува значително познавање на науката, естетичарите денес мораат да знаат по нешто за уметноста. Еден исход од ова е фактот што сега, повеќе од кога и да било во минатото, естетиката ја вклучува практиката на уметничката критика и воспоставува блиски врски со полињата на историјата на уметноста, книжевноста и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+